Насловна / Вести / Како во време на криза, Dacia се проби на врвот?

Како во време на криза, Dacia се проби на врвот?

Кризата удри врз стандардот на граѓаните, а производителите на автомобили се соочуваат со сериозен недостиг на компоненти. Многу компании бележат пад на продажбата, дури и во однос на 2020 година. Меѓу нив, Renault е групација која според објавените резултати за третиот квартал, е во минус за 26,3%. Но, Dacia која е дел од француската групација, има продажба во третиот квартал од  138.375  возила, што претставува пад од 11,2%, во однос на истиот период минатата година, но секако тоа е значително помал пад во однос на остатокот од групацијата. Така, во третиот квартал Dacia Sandero бил најпродаван автомобил  во Европа, а Duster – најпопуларен SUV, и трет најпопуларен нов приватен автомобил во Европа.

dacia1

DACIA SANDERO STEPWAY III (BJI CROSS)

Renault групацијата не се фали со овој резултат, но посочува на неколку фактори што се должат на оваа популарност.  Првиот е дека луѓето веќе немаат комплекс од логотипот на својот автомобил. Второ, автомобилот денес се помалку е статусен симбол, туку само превозно средство. Тој треба да биде безбеден, удобен и да ја исполнува својата основна функција. Третата работа е што кога се ќе поскапи, остануваат помалку пари за купување на нов автомобил.  Dacia исто така станува поскапа, но и натаму поевтина опција од многу други популарни брендови.  Особено кога листите на чекање стануваат се подолги, а трговците не даваат попусти. Dacia има и нов адут во продажбата, кој брзо би можел да се најде меѓу најбараните автомобили во Европа. Станува збор за мултифункционалниот Jogger.

dacia3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top