Насловна / Вести / Мета отвора продавница за облека за аватари

Мета отвора продавница за облека за аватари

Мета отвора виртуелна продавница во која корисниците на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер ќе можат да купуваат облека за својот аватар.

Првите брендови кои ќе можат да се купат во продавницата се Баленсијага, Прада и Том Браун, изјави Марк Закерберг.

02

Портпаролот на Мете изјави дека цената на дигиталната облека за аватари ќе биде меѓу 2,99 и 8,99 долари, односно дека ќе биде многу пониска од реалната. На пример, чантите од кожа од ној „Прада“ ќе се продаваат за 10.700 долари.

0

Во објава на Фејсбук, Марк Закерберг изјави дека наскоро ќе има и други брендови во продавницата. „Дигиталните производи ќе бидат важен начин да се изразите во ‘метаверзумот‘ и главен двигател на креативната економија“, доаде тој во изјавата.

01

Луксузните модни куќи се повеќе се здружуваат со технолошки компании за да создадат брендирана дигитална облека.

Минатата година компанијата Мета ги редизајнираше аватарите, кои сега се тродимензионални.

Испрати коментар

Scroll To Top