Насловна / Вести / Научниците направија биоразградлив имплант за таргетирано намалување на болката

Научниците направија биоразградлив имплант за таргетирано намалување на болката

Истражувачите од Универзитетот Нортвестерн од САД, направиле уред кој звучи како научна фантастика – мал, мек и флексибилен имплант, прв од таков вид кој се користи за таргетирано отстранување на болките, без потреба од употреба на фармаколошки препарати. Дополнителна негова предност е биораградливоста.  Според истражувачите, уредот би можел да биде многу драгоцен за пациентите кои се подвргнуваат на хируршки интервенциии по кои е неминовна употребата на аналгетици. Хирурзите при операцијата би можеле да го импланираат уредот, со цел да „управуваат“ со постоперативнните болки на  пациентот. Во студијата која е објавена во часописот Science,  опишан  е дизајнот на  уредот и објаснета е неговата ефикасност.

implant1

Имплантот користи едноставен концепт – испарување. Содржи течно разладно средство кое се поттикнува да испарува на одредена локација на сензорниот нерв. Уредот функционира такa што нежно се обвиткува околу нервите, за да обезбеди прецизно и таргетирано ладење. Екстерна пумпа му помага на корисникот далечински да го активира уредот и да го контролира неговиот интензитет. Кога уредот повеќе не е  потребен, тој природно се разградува и апсорбира во телото – „без хируршко отстранување“. Дополнително, овој уред има предност пред класичната криотерапија која зафаќа големи површини на ткивата, што може да доведе до несакани ефекти. Во овој случај, се работи за мал уред широк само пет милиметри кој прецизно ги таргетира само погодените нерви и го штеди околното подрачје од непотребно ладење. Сите компоненти на уредот природно се апсорбираат во текот на неколку дена или недели.

implant2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top