Насловна / Вести / Земјоделците бараат дополнително попуштање на еколошките мерки: Пет земји од ЕУ ќе добијат зелено светло

Земјоделците бараат дополнително попуштање на еколошките мерки: Пет земји од ЕУ ќе добијат зелено светло

Стравот од глобалната несигурност во производството на храна, ги наведе мнозинството министри за земјоделство да се заложат за понатамошно ублажување на мерките за заштита на животната средина во овој сектор во 2023 година. Европската унија се спротиставила на тоа, но дозволила повремени отстапувања од одредени еколошки барања во програмата на ЕУ за субвенционирање на земјоделството.

agri1

Дел од мерките на попуштање се однесуваат на продолжување на употребата на земјоделските површини издвоени за биодиверзитет во наредната година. Имено, според програмата кој е сега на сила, предвидено е земјоделсите со површина поголема од 15 хектари, задолжително да обезбедат најмалку 5% од земјиштето да биде посветено на подрачја корисни за биодиверзитетот (дрвја и сл.). Со попуштањето на мерките, се планира тоа да биде 4%. Јавноста е поделена – додека едни се за овие мерки со цел зголемување на производството на храна во овие кризни услови,  други го критикуваат уништувањето на животната средина и природата.

agri2

Веќе е потврдено дека за пет земји членки на ЕУ – Португалија, Полска, Шпанија, Данска и Франција, ќе започне постапка за одобрување на измени во нивните национални планови.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top