Насловна / Арт и дизајн / Нашиот брутализам на изложба на Зоран Кардула во Полска

Нашиот брутализам на изложба на Зоран Кардула во Полска

Денес во Вроцлав,  Полска се отвара изложба на  графичкиот дизајнер Зоран Кардула. Изложбата ќе се отвори во 18 часотво Klubogaleria Dobro и ќе биде отворена до крајот на годината.

б1

„Со големо задоволство ја најавувам мојата прва изложба во Полска, во градот Вроцлав со која ќе започне серијата на презентации на македонски графичари. Изложбата ќе се одржи во Club & Galleri Dobro и истата ќе ја отвори нашиот Амбасадор во Полска, Г-дин Илија Псалтиров“, вели во изјава за „Фронтлајн“, уметникот Кардула.

б4

На изложбата ќе биде претставена нашата архитектура, поточно нашиот брутализам.

„Темата со која ќе се преставам се илустрации од брутализмот како богатство во архитектурата со кое треба да се гордееме. Тука се Поштата, Студентскиот Дом Гоце Делчев, МНТ, Костурницата во Велес и секако мојот омилен Македониум. Изложбата ќе биде отворена до крајот на годината“, додаде Зоран Кардула за „Фронтлајн“.

б7 б6 б2

Испрати коментар

Scroll To Top