Насловна / Вести / Конференција на енергетската зедница за инвестиции во зелена енергија, на 16-ти ноември во Љубљана

Конференција на енергетската зедница за инвестиции во зелена енергија, на 16-ти ноември во Љубљана

На 16-ти ноември во Љубљана, Енергетската заедница организира конференција за зајакнување на вложувањата во обновливи извори на енергија. Целта на настанот е да ја поттикне соработката помеѓу претставниците на државите и потенцијалните инвеститори кои сакаат да ја анализираат можноста за настап во овој сектор. Договорните страни на Енергетската заедница воспоставуваат законски и регулаторни рамки со цел да ги забрзаат овие инвестиции. Овој напредок е во согласност со нивните цели за 2030 година и посветеноста на зелената енергетска транзиција, порачува Секретаријатот на организацијата.

ljubljana1

ljubljana2

Настанот се одржува во хотелот Intercontinental во Љубљана. Регистрацијата за присуство е достапна на слениот линк.  Дневниот ред на конференцијата опфаќа теми како што се механизмите на поддршка, гаранциите на потекло, договори за откуп на електрична енергија (PPA) од обновливи извори, производство за сопствени потреби и поедноставување на процедурите за издавање на дозволи за проекти во секторот за обновлива енергија. Попрецизно, примарните сесии ги опфажаат следните теми:

  1. Отворање на патот кон зелена енергетска транзиција по пат на аукции
  2. Промовирање на системот на Енергетската заедница за гаранциите за потекло на електричната енергија
  3. Договори за откуп на електрична енергија (PPA) од обновливи извори – катализатор за зголемување на вложувањата во обновливи извори
  4. Зајакнување на граѓаните за зелени потфати во производството на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

Испрати коментар

Scroll To Top