Насловна / Архитектура / Наместо зграда да се урне во неа се сели американскиот Центар Помпиду

Наместо зграда да се урне во неа се сели американскиот Центар Помпиду

Во американскиот град Џeрси на плоштадот Journоul, деловната зграда Pathside од почетокот на дваесеттиот век ќе биде адаптирана во Центар Помпиду. Со вкупна површина од 5.400 квадратни метри, оваа четирикатница, наместо да се урне и да се направи облакодер, како што беше и претходниот план, ќе стане новиот дом на познатите Француски културен институт и музеј – прв во Обединетите Држави.

zgrada

Плановите на реномираното архитектонско биро ОМА се трансформација и реновирање на зградата со задржување на основните карактеристики, вклучувајќи ја и фасадата од тули, како и амблемот на фасадата и стаклената настрешница што се протега по должината на страната, што ќе добие нов дизајн . Внатре, студиото планира да ги претвори големите простори без столбови во пространи галериски и изложбени простории со тавани високи пет метри.

Планирано е Центарот да биде отворен во 2024 година, а воспоставувањето на ваков вид на објекти во Њу Џерси е во согласност со новиот план за ревитализација на областа за да се воспостави градот како уметничка и културна дестинација.

zgrada1

“Во време кога зградата Pathside беше наменета за уривање и изградба на високи згради, видовме единствена можност да го смениме патот на развој за подобро да му служиме на градот, како музеј и центар на заедницата“, рече за Dezeen градоначалникот на Њу Џерси, Стивен Фулоп.

Центарот Помпиду во Џерси ќе биде домаќин на разни изложби, културни програми и претстави. Во рамките на објектот ќе има и малопродажни објекти и кафулиња.

zgrada2

Центарот Помпиду се шири надвор од својата култна париска локација и ги гради своите гранки низ целиот свет, па затоа центрите се отворени во францускиот Мец, шпанската Малага и Брисел во Белгија. Неодамна, оваа добро позната организација отвори и канцеларија во Кина во Шангај, дизајнирана од славниот Дејвид Чиперфилд.

Зградата на оваа културна институција во Париз, дизајнирана од Ричард Роџерс и Ренцо Пијано како високотехнолошка икона на градот, ќе биде привремено затворена во 2023 година, поради планираниот голем проект за реновирање.

zgrada3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top