Насловна / Вести / НАСА најавува две мисии на Венера, за прв пат после 30 години

НАСА најавува две мисии на Венера, за прв пат после 30 години

Американската вселенска агенција НАСА најави две нови мисии на Венера, под името „Да Винчи+“ и „Веритас“, што ќе биде прва посета на нашата сестринска планета после 30 години. Во рамките на најавената мисија „Да Винчи+“ ќе се анализира Венерината атмосфера, а „Веритас“ ќе ја мапира нејзината површина. Двете мисии ќе стартуваат во периодот од 2028 до 2030 година. Целта е да се утврди зошто Венера денес изгледа како пекол, иако некогаш била многу слична на Земјата, со океани и слична клима. Вселенскиот орбитер  „Да Винчи+“, кој ќе се сости од вселенско летало и сонди, ќе го мери составот на густата и врела атмосфера на Венера, што би им помогнало на научниците да утврдат како настанала. „Веритас“, орбитирајќи околу Венера, ќе креира 3D реконструкција на нејзината топографија и ќе потврди дали процесите како поместување на тектонски плочи и вулкански ерупции, се сеуште активни. Со проектот ќе управува Jet Propulsion Laboratory во јужна Калифорнија. Венера, е слична по структура на Земјата (терестријална планета), но е многу потопла. Над негостољубивата површина, се наоѓа густа и токсична атмосфера составена во најголем дел од јаглерод диоксид, и облаци од сулфурна киселина. Температурите изнесуваат 880 степени Целзиусови.

nasa1

venus1

Последната американска мисија на Венера, леталото „Магелан“, стигнало до Венера во 1990 година. После четири години кружење и снимање, леталото се спуштило на површината за да собере дополнителни податоци, а потоа се истопило. Истата судбина ја очекува и сондата  „Да Винчи +“ која ќе биде спуштена на површината. Во текот на слетувањето, би требало да собере и испрати податоци за составот на Венерината атмосфера, и да направи фотографии со висока резолуција. Доколку успее и „го преживее“ слетувањето, се очекува да започне да се топи за околу дваесетина минути.

venus2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top