Насловна / Ентериери / Најскапиот еднособен стан

Најскапиот еднособен стан

najskap ednosoben stan (4)

Во прашање е мал дом, удобно сместен во близина на премиум лондонскиот шопинг дистрикт, кој е на продажба по цена од четири милиони евра.

Зошто овој дом е толку посебен? Во прашање е еден еднособен стан, со вкупна површина од 120 м2, кој има двојна гаража обоена во виолетова боја. Боите се составен дел од декорот на овој стан, како и  виолетовите детали и орнаменти во кујната, во којшто што може да јадат само две лица. Просторот е главно обоен со бела боја, а декориран со шарени детали, виолетови и темноцрвени нијанси.najskap ednosoben stan (2)

Лондон е место познато како град со најскапи домови во светот, но овој дефинитивно се издвојува како еден од најчудните.najskap ednosoben stan (3)

Овој еднособен стан е дизајниран од страна на Федерика Паласиос. Во денешниот свет на луксуз и богатство, се што е апстрактно и ексцентрично е прифатливо, но кога ќе се обидете да замислите таков стан во срцето на Лондон, особено со оваа цена, некои работи остануваат збунувачки и нејасни. Во моментов, за ова мало луксузно гнездо во срцето на Лондон, нема заинтересирани купувачи, но сигурно ќе се појави млада и богата личност, која сака уникатност.

najskap ednosoben stan

Испрати коментар

Scroll To Top