Насловна / Вести / Изложба на Гоце Наневски во Културниот центар на РМ во Њујорк

Изложба на Гоце Наневски во Културниот центар на РМ во Њујорк

goce nanevski njujork

Во Културниот центар на РМ во Њујорк (MC Gallery), денеска ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот  скулптор и актуелен продекан на Факултетот за ликовни уметности Гоце Наневски, кој ќе се претстави со документарна видеоинсталација „Мо(ну)мент-Документ“.

Амби­валнетниот и последователен наслов на инсталацијата е кулминација на неговиот урбан, техничко-технолошки, кинетички конци­пи­ран редимејд проект „Мо(ну)мент“, кој синхро­ни­зирано со видеопроекцијата беше презен­тиран во 2014-та во Скопје.

Гоце Наневски е професор на Катедрата за вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Реализирал 15 самостојни изложби во Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, САД, а во 2009-та беше официјален претставник на Македонија на 53. Венециско биенале.

Испрати коментар

Scroll To Top