Насловна / Вести / Google започнува со тестирање на новите AR очила

Google започнува со тестирање на новите AR очила

Компанијата Google наредниот месец ќе започне со тестирање на новата генерација на своите AR (Augmented Reality) очила. Во текот на I/O конференцијата одржана во мај, Google го најави доаѓањето на AR очилата и го покажа нивниот ран прототип, а сега компанијата е подготвена за почеток  на тестирањето во реалниот свет. Тоа значи дека во јавноста ќе се појават лица кои ќе ги носат овие AR очила токму во функција на тестирањето. „Тестовите во реалниот свет ќе помогнат за подобро разбирање како овие уреди може да им помогнат на луѓето во секојдневниот живот. Додека развиваме искуства како AR навигација, тие ќе ни помогнат да земеме во предвид фактори како временски прилики и сообраќајни крстосници, а тие услови е тешко, понекогаш и невозможно да се рекреаираат во затворен простор“, изјавил Juston Payne, продукт менаџер во AR и VR одделот на Google.

googleAR1

Тестирањето ќе биде ограничено на одреден број луѓе, на вработени на Google и тестери од доверба. Прототиповите ќе бидат опремени со камери, микрофони и  in-lens екрани, Google ќе ја проценува аудио и видео осетливоста за функциите како што се преведување, транскрипција и навигација.  Меѓутоа, функциите ќе бидат ограничени, очилата нема да снимаат фотографии и клипови, но Google ќе користи податоци од слики за превод на текст и прикажување на насоки. Податоците ќе бидат избришани по „завршување на искуството“, освен ако се користат за анализи и решавање на „багови“. Во тој случај Google ќе гои отстрани чувствителните податоци како лицата на луѓето и регистарските ознаки на возилата. После 30 дена сите податоци користени во функција на истражувањето ќе бидат избришани. Google Glass очилата не се баш успешни како што се очекуваше, а компанијата тоа сака да го смени со новата генерација на AR очила. Кога ќе се појават на пазарот, сеуште не е познато.

googleAR2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top