Насловна / Вести / Најголемата фабрика за автомобили во светот, се простира на површина поголема од Монако

Најголемата фабрика за автомобили во светот, се простира на површина поголема од Монако

Фабриката на Volkswagen во Волфсбург, и денес е најголемата фабрика за автомобили во светот. Изградена е пред Втората светска војна, и со текот на времето била доградувана. Денес се простира на површина од  6.510.000  квадратни метри, додека самата површина на халите е еквивалентна на Кнежевството Монако. Во рамките на фабричкиот круг се простира мрежа од железнички шини во должина од околу 60 километри, како и 75 километри интерни патишта. Фабриката има и сопствена електрична централа. Од оваа фабрика дневно излегуваат околу 3300 автомобили во чие производство учествуваат 63.000 вработени. Компанијата Hyundai Motor Company Ulsan во Јужна Кореја е на второто место со површина од 5,022.000 квадратни метри.

volfsburg1

volfsburg2

volfsburg3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top