Насловна / Ентериери / Најчудниот хотел во Берлин!

Најчудниот хотел во Берлин!

najcuden hotel_1

Хотел во Берлин, чиј неочекуван дизајн на собите привлекува посетители во потрага по необични понуди. Во хотелот Propeller Island City Lodge не се наоѓаат само 31 соба, туку и толку различни концепти. Автор на необичниот хотел е германскиот скулптор Lars Stroschen, кој просторот го претворил во „музеј“ со опција за резервација на соби од кои секоја е инсталација за себе.

najcuden hotel_2

Во понудата, на пример, има соба во која креветот изгледа како да лебди, соба со кревет кој е дизајниран како ковчег, апартман во кој креветот е во кафез, а има и простории кои изгледаат како недовршени или како да се распаднати, а сепак покрај големата дупка во ѕидот е поставен голем кревет за два авантуристи.
Целиот мебел е во потполност уникатен, како и секое дизајнерско парче во ентериерот. Во мноштвото необичности што ги нуди самиот Берлин, овој хотел е сигурно на врвот на листата на посетителите на овој град желни за поинакви авантури.najcuden hotel_9 najcuden hotel_8 najcuden hotel_7 najcuden hotel_6 najcuden hotel_5 najcuden hotel_4 najcuden hotel_3

Испрати коментар

Scroll To Top