Насловна / Архитектура / Планот за „Belgrade Waterfront“ пред белграѓани

Планот за „Belgrade Waterfront“ пред белграѓани

BG-beograd-na-vodi

Поради големиот интерес на граѓаните на Белград, мастер планот на проектот „Белград на вода“ (“Belgrade Waterfront”) во наредните две недели ќе биде достапен за нив во Галеријата во реновираното здание на некогашната Белградска задруга. Таму тие ќе можат да ги добијат сите информации во врска со него.

Градоначалникот на Белград Синиша Мали изјави дека „Белград на вода“ ќе ја промени перспективата на главниот град и на Србија, и ќе ја покрене градежната индустрија и стопанството. Според него, овој проект е прв чекор во соработката меѓу Србија и арапските партнери и прв чекор кон негова реализација, а чиј почеток на изградба се очекува идната година.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ минатата недела го откри мастер планот за „Белград на вода“, градска целина покрај Сава, проект на приватната инвестициска компанија Eagle Hills со седиште во Обединетите Арапски Емирати, а направен со поддршка на Владата на Србија.

Со вкупна површина за изградба од 1,8 милиони квадратни метри, површината на локацијата на проектот ќе биде еден милион квадратни метри. Највпечатлива карактеристика на проектот ќе биде Кулата Белград, нов симбол на градот, кој ќе гледа на реката Сава со висина поголема од 200 метри.

Испрати коментар

Scroll To Top