Насловна / Вести / Најчистата земја на светот, каде ќе ве казнат ако не пуштите вода во тоалет

Најчистата земја на светот, каде ќе ве казнат ако не пуштите вода во тоалет

Поради својата стратешка позиција, Сингапур е наречен Гибралтар на Азија, а на малајски јазик „Сингапур“ значи „Град на лавовите“…

Во земја со огромно богатство, постојат прилично чудни и бизарни правила, а некои од нив ќе ги научите во кратката презентација на овие 11 интересни факти за единствениот Сингапур.

1_resize

1. Светската организација за тоалети (да, постои) е основана во Сингапур. И да, со оглед на тоа дека Сингапурците многу внимаваат на чистотата, ако не пуштите вода откако ќе излезете од тоалетот, може да бидете казнети со 500 американски долари!

2. Граѓаните на Сингапур можат да гласаат на британските избори. Земјата е членка на Комонвелтот и затоа нејзините граѓани го остваруваат тоа право.

2_resize

3. Земјата се простира на вкупно 63 острови, но не се препорачаува да се шетаа по многу од нив, бидејќи се ненаселени или служат како воени и индустриски зони.

4. Пиењето пијалоци на среде небо тука е речиси можно, затоа што на врвот од облакодер од 282 метри се наоѓа бар, што е највисокиот бар на врвот на некоја зградата во светот.

7_resize

5. Сингапур е една од трите држави кои немаат главен град. Другите две се Монако и Ватикан.

6. Постојат четири службени јазици во земјата: англиски, мандарински, тамилски и малезиски.

7. Најголемата фонтана во светот се наоѓа во Suntec, а за неа се потрошени шест милиони долари.

6_resize

8. На санскрит, Сингапур се преведува како Град на лавовите. Интересно, сепак, тука нема лавови воопшто.

9. На Универзитетот во Сингапур, многумина се развеселија кога автоматите за Кока-кола почнаа бесплатно да делат лименки откако ќе ги прегрнете.

10. Според едно британско истражување, тука луѓето најбрзо одат, со просек 6,15 километри на час.

11. Гуми за џвакање се забранети, но на странците им е дозволено да донесат две пакетчиња. Повеќе од тоа се смета за обид за криумчарење.

4_resize

5_resize 3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top