Насловна / Вести / МЖСПП: инструментите за мерење на PM10 не се во фунција на четири мерни места

МЖСПП: инструментите за мерење на PM10 не се во фунција на четири мерни места

Министерството за животна средина и просторно плнирање информира дека од вкупно 17 мерни станици и една мобилна  во моментов сите се во функција. Во мерните станица постојат по пет мерни инструменти за мерење на пет различни параметри и во одделни мерни станици само поедини мерни инструменти не работат.

мр1_resize

Во однос на мерењета на PM10 и PM2.5 честичките од 17 мерни станици инструментите за мерење на PM10 не се во фунција на четири мерни места и тоа:, Гази Баба, Миладиновци, Битола 1, Струмица и во мобилната станица која моментално е лоцирана во Ѓорче Петров.

  1. Мерниот инструмент за мерење на РМ10/PM2.5 од мобилната мерна станица во Ѓорче Петров и мерните инструменти за РМ10 од мерните станици во  Карпош и Струмица се исклучени поради технички проблем.
  2. Мерните инструменти за мерење на PM10 од мерните станици Битола 1 и Миладиновци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеноста на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години.
  3. Мерниот инструмент за мерење на СО од мерната станица Ректорат   е исклучен поради технички проблем.
  4. Мерните инструменти за мерење на O3, CO, SO2 и NO-NO2-NOx од мерните станици Карпош и Центар кои не се во функција се од производителот Orion, и за нив нема резервни делови поради престанок на работа на фабриката. Истите треба да се заменат со нови мерни инструменти од други производители.

Во текот на 2020 година во тек се повеќе активности за набавка на нови мерни инструменти. Реализацијата на дел од набавката е со донаторски средства, а дел со буџетски средства на МЖСПП.

мр2_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top