Насловна / Арт и дизајн / Музејот „Мадам Тисо“ отвори филијала во Дубаи

Музејот „Мадам Тисо“ отвори филијала во Дубаи

Познатиот лондонски музеј на восочни фигури „Мадам Тисо“ го отвори во Дубаи својот прв музеј во арапскиот свет, со надеж дека ќе привлече милиони туристи кои дојдоа на светската изложба Eкспо 2020.

3

Музејот „Мадам Тисо“ ја отвори својата прва стална поставка на восочни фигури на улицата Бејкер во Лондон во 1835 година. Денес, има колекција од преку 250 восочни скулптури кои привлекуваат милиони посетители годишно и има филијали во Амстердам, Хонг Конг, Лас Вегас и Њујорк.

1

Музејот ги отвори вратите на 14. октомври, недалеку од местото каде што се одржува Експо 2020 во Дубаи. Според генералниот директор на подружницата на Музејот во Дубаи, Саназ Колсруд, очекуваат доаѓање на посетители од околината, но и од целиот свет.

4

2

Филијалата во Дубаи изложи 60 восочни скулптури на „глобални sвезди, од политичари, актери, пејачи, спортисти и крунисани глави, се разбира, но и петнаесетина sвезди од регионот, како што се либанските поп-sвезди Ненси Ајрам и Маје Диаб.

5

6

Испрати коментар

Scroll To Top