Насловна / Арт и дизајн / Денес во Даут-пашин амам изложба на академик Васко Ташковски

Денес во Даут-пашин амам изложба на академик Васко Ташковски

Денес, со почеток во 20 часот, во објектот Даут-пашин амам ќе бидат претставени слики, акварели и цртежи од сите творечки фази на академик Васко Ташковски, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот.

04 suma_=1980

Според повеќето современици, придонесот на Васко Ташковски во современата македонска уметност уште на почетокот на творештвото се истакнува преку следењето на една сопствена тивка и ненаметлива ликовна патека која му овозможи најсоодветно да го транскрибира авторскиот ракопис во континуитет до денес преку сликарство кое е класично според својата пластична структура, а воедно и надреалистичко фантастично во поетична смисла, со прецизен минуциозен цртеж и тонски раскошна палета. Конкретно, исклучителноста, односно издвоеноста на неговото многуслојно творештво само за себе, но и во конкретното историско опкружување, се согледува во истрајното истражување на овие надреално фантастични визии како константен предизвик, определба која постојано ја надградува со нови теми преку кои е препознатлив како единствен сликарски феномен во современото македонско сликарство.

23 sozdavac 2004

За значењето на Ташковски надвор од рамките на нашата земја, неизбежен е податокот дека тој е единствен македонски автор (во времето еден од двајцата југословенски сликари застапени во ова издание), кој е претставен во едицијата „Сликари на фантазијата (од Хиеронимус Бош до Салвадор Дали“ / “Painters of fantasy (from Hieronimus Bosch to Salvador Dali)“, од 1974 година, во издание на Phaidon, а по избор на Вилијам Гаунт. (Вилием Гаунт, Фантастично сликарство од Хиеронимус Бош до Салвадор Дали, Федон, Лондон, 1974, и Grafički zavod Hrvatske, 1980).

Куратор на проектот е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија.

23 vo haosot.radost 1993 platno 145x115cm

32 bunt na artefaktite 2014 platno 150x200cm

953. Ташковски Васко, Доказ за едно постоење, 1975, масло на платно, 150х200

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top