Насловна / Архитектура / Музеј наречен МО во Вилнус, проект на Студио Либескинд

Музеј наречен МО во Вилнус, проект на Студио Либескинд

Овој викенд ја одбележа четиридневната прослава на отворањето на новиот музеј на модерната уметност во Вилнус, Литванија. Музејот наречен МО, проект на Студиото Либескинд е во близина на средновековниот плоштад на главниот град на оваа балтичка земја. „Локацијата избрана за музеј на модерна уметност во близина на средновековен плоштад е суштинска за поврзување на минатото, сегашноста и иднината на земјата“- вели директорот на музејот, Милда Иванаускиен.

1
Во новата зграда на музејот сместени се преку 5.000 експонати меѓу кои се наоѓаат и раритети од советската ера.
Ставот на њијоршкото биро Студиото Либескинд, потписник на проектот, дека архитектурата е пракса за оптимисти на некој начин сакале да го покажат и со овој објект.

10
Структурата на објектот е релативно едноставна, обложен е со снежно бела фасада од цемент која ја следи строгата форма на зградата. Острите линии на отворот на аголот насочуваат кон влезните скали во срецето на објектот кои го внесуваат посетителот.
Влезот е наткриен со голема конзола и врамен со прзори високи пет метри, поради што создава чувство дека зградата може да ве вовлече во себе.

5
Целта на Студиото Либескинд со овој проект е да се направи единствено и ефектно уметничко дело, па така и внатре доминантни се јасни геометриски форми. Големите кровни прозори се со триаголна форма, додека мат црните спирални скали претставуваат централен елемент.

7

9

Даниел Либескинд, основач на истоименото архитектонско биро во својата професионална кариера проектирал голем број галерии и светски музеи. Со овој проект сакал минималистичкиот, но ефектен ентериер на музејот да го истакне карактерот на целата колекција, а и целата институција да ја подигне на повисоко ниво.

4
“Како некој кој вистински ја цени историјата и убавината на Вилнус, верувам дека зградата и нејзината архитектура ќе станат прекрасно место за уживање во уметноста и духот на градот”, вели Либескинд.
Во дворот на музејот кој е достапен за сите граѓани на Вилнус ќе бидат изложени скулптурите победнички на последниот национален конкурс за култура и уметност.

2

8

11

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top