Насловна / Вести / После 18 години нова пруга од 18 километри

После 18 години нова пруга од 18 километри

Идејата за развиток на железничката мрежа на просторот на денешна Македонија се јавила кон средината на XIX век, за конечно да биде прифатена околу 1860 година со формирање на посебна комисија. Железничката линија Солун -  Битола во должина од 219 километри почнала да се гради во 1891 година и завршена е и отворена на 14 јуни 1894 година. Во склоп на оваа линија е и станицата Кременица.

IMG_0158

До 1913 година пругата главно се користела за патнички и тoварен сообраќај, а во периодот помеѓу двете светски војни најмногу се користела во воени цели. По пругата се превезувале воена опрема и  луѓе.

Од 1945 до 2000 година, односно од изградбата на пругата не е извршена ниту една реконструкција на делницата Битола – Кременица, освен во 1988 година кога е реконструирана на железничката станица Кременица. Тогаш се реконструирани сите колосеци, скретници, триангли и станичната зграда. Сите работи кои се изведувале на отворената пруга биле со помал интензитет, како што е замена на прагови, шини и сл., а сè со цел да функционира и да се одржи железничката линија.

1a

Железничка линија Солун – Битола

Од 2000 година, поради лошата состојба на колосекот, трасата на пругата и потребата од реконструкција, железничката пруга Битола – Кременица во потполност е затворена за сообраќај.

На тендерот распишан во 2017 година за изградба и реконструкција на железничката пруга, делница Битола – Кременица, дел на кракот Xd од коридорот X како најповолен понудувач избрана е компанијата STRABAG Rail G.m.b.H. in consortium with STRABAG AG. Проектот се финансира од ЕУ-фондови за ИПА-програма, а условите за изведување на работите се според FIDIC-црвената книга.

На почетокот на 2018 година работите на изградбата на делницата Битола – Кременица отпочнаа со воведување во работа на компанијата STABAG AG, а завршувањето на работите се очекува кон крајот на 2018 година. Рокот за изведување на работите е 9 месеци, односно 270 календарски денови.

Постоечката траса на пругата е предпетља на одредени нивелетски измени, односно висински и осовински. Просечната висина на новоизградениот насип е  cca 3,5 метри, поради исклучително високото ниво на подземните води, додека во круната широчината на насипот е до 6,5 метри.

Со новиот проект се укинува железничката станица Кременица и се гради нова станица во индустриската зона Жабени.

Должината на трасата е cca 18 km, вклучувајќи ги станичните колосеци во Жабени.

1

Ситуација, пруга Битола – Кременица

Колку станува збор за комплексност во изградбата и реконструкцијата на пругата, говори и фактот дека со проектот е предвидена изградба на:

-          насип на целата траса на пругата

-          замена и појачување на поттлото во должина од cca 400 m

-          9 мостови

-          38 пропусти

-          30 премини за животни

-          cca 10 km L-канали – заштита на ножиците на насипот

-          3.805 m2 звучни бариери

-          стојалиште Кравари

-          нова станица Жабени со комплетна инфраструктура

-          изградба на безбедносна ограда од околу cca 11 km

-          8 патни премини

-          полагање на нов колосек од cca 18 km, вклучувајќи ги и станичните колосеци

-          8 нови скретници R200 и R300

-          поставување на cca 18 km оптички кабел

-          комплетно нови SS и TK-инфраструктури

Во периодот од I квартал 2018, извршена е мобилизација на опремата и организација на градилиштето, изработка на пристапни патишта, како и набавка на материјали за да отпочнат работите со полн интензитет кон крајот на I квартал 2018 година.

Свесни за фактот дека се работи за краток рок и проект кој бара комплексност во изведбата, работите почнаа паралелно да се изведуваат на повеќе делници, како на трасата на пругата така и на останатите позиции од бетонирање на  L-канали, односно заштита на ножиците на насипот до работи на формирање на платото на станицата Жабени.

3

Изработка на завршен слој против замрзнување

Работите на изградба на насипот почнаа кон крајот I квартал 2018 година и завршени се кон крајот на III квартал 2018 година. Вклучувајќи ја и замената и појачувањето на поттлото на подрачјето на Кисела Вода. Замената и појачувањето на поттлото на подрачјето на Кисела Вода мораше да се изведе поради многу лошата постоечка земјена траса на пругата поради нивото на подземните води. Замената на поттлото е направена пред и зад мостот бр. 8 во вкупна должина од cca 400 метри, со почетна длабочина на ископ од cca 0,40 метри до споевите пред и зад мостот бр. 8, додека во делот околу мостот длабочината на ископот и замената е направена и до 1.8 метри, со уфрлање на камени блокови од 60 до 300 милиметри, а преку камените блокови е направен слој од насипот со гранулација  0-63 милиметри.

За кој обем и интензитет на работа станува збор, говори и фактот дека е вграден околу 140.000 кубни метри материјал со завршниот слој на насипот.

2

Замена и појачување на поттло

Во периодот од II квартал 2018 година, поради големиот број дождливи денови и порастот на нивото на подземни води, се правеше деноноќно црпење на водата со пумпи за да се овозможи непречено изведување на работите. Досега се завршени сите работи на изградба на мостовите, пропусти, премини за животни и L-канали – заштита на ножици на насип. Вграден е околу 13.000 кубни метри бетон.

4

Од пуштање прв пат во сообраќај на пругата Солун – Битола и затворање на делницата во 2000 година, користејќи конвенционална метода на градење на почетокот на август 2018 година, положени се првите метри на новиот шински колосек UIC 60E1  и бетонски прагови  B70 со SKL 14 еластичен прибор.

5

Работите на поставување на колосекот се одвиваа со планираниот интензитет. Досега се поставени 11.5 километри колосек, вклучувајќи и станични колосеци во новоизградената станица Жабени, како и осум нови скретници тип R200 и R300.

6

Поставување на колосек на отворена траса

Паралелно со работите на поставување на колосекот се изведува и машинско регулирање на колосекот и истовар и вградување на чакал. Досега е извршено трето машинско регулирање на колосекот врз основа на правец и нивелета во вкупна должина од 10 километри, како и вградување на 30.800 кубни метри чакал на секцијата од Битола до станицата Жабени.

На секцијата од станицата Жабени до грчката граница се изведува и истовар и вградување на чакал, полагање на колосекот. По завршеното полагање на колосекот наизменично ќе се врши машинско регулирање на колосекот, ЕТ-заварување на колосекот со специјална машина PRSM 3-046 во отсеците и отпуштање во DTS. Пред и после DTS ќе се изврши стабилизација на колосекот со машина DGS 62N. По завршување на втората стабилизација на колосекот ќе се изведе завршно машинско регулирање на колосекот и дополнување со чакал со профилирање на засторната призма и вградување на опремата на пругата.

7

Товарање на чакал во Facc-вагони

Работите на новоизградената станица Жабени, односно станицата и магацинските објекти, паркингот како и инфраструктурата се одвиваат со планираната динамика како би биле завршени до средината на IV квартал 2018 година.

8

Машинско регулирање на колосекот по насока и ниво

Почитувајќи ги највисоките стандарди на изградба STRABAG AG ќе ги изведува работите на патните премини користејќи гумени панели на фирмата Strail од Краибург, во моментов најсовремен и најквалитетен систем во Европа. Покрај тоа сите патни премини на делницата Битола – Кременица ќе бидат прописно сигнално и звучно осигурани и во заемна зависност.

9

Патен премин Страил

По завршување на работите на делницата Битола – Кременица – грчка граница, пругата ќе биде во ETCS L1-систем. Во новоизградената станица Жабени ќе биде инсталиран комплетно нов сигнален и interlocking систем, додека во станицата Битола ќе мора да се замени и прилагоди постоечкиот систем со нови релејни групи, телекомуникациски уреди и сл. На овој начин системот на станицата во Битола ќе биде во спрега со системот во станицата Жабени. Ќе се вградат нови бројачи на осовини, како и нов LX- систем.

10

Систем на контрола во станицата Жабени

Досега се завршени околу 70 % од работите на изградбати реконструкцијата на колосеците на делницата Битола – Кременица. До средината на IV квартал 2018 година, преостанати се околу 30 % од работите за да се заврши проектот и да се комплетираат сите работи, а делницата да се предаде во употреба на Македонски железници.

Со завршување на проектот за изградба и реконструкција на железничката пруга, делница Битола – Кременица, дел од кракот Xd на коридорот X, Република Македонија ќе добие една од најсовремените делници на пруги од категорија D4 со комплетно нова инфраструктура за брзина до 100 km/h и осовинско оптоварување од 22.5 t/осовини.

Автор: Јасмин БИРНОдипл.град.инж. (  Strabag- Подгорица)

3

4

2 Коментари

  1. Анонимен

    B R A V O za Goran i celata ekipa na Strabag
    Osobeno sto uspea da zavrsi nesto sto nie prethodno ne uspeavme. Samo iskreno bravo za ovoj uspeh

  2. Izgradnja zeleznicke pruge Bitola-Kremenica uz najvise standarde i u apsolutno najkracem roku, je dokaz da u Makedoniji moze da se postigne svetski kvalitet, u ovom slucaju i vise od toga.
    Dobra priprema na svim nivoima i izbor izvodjaca koji je u stanju da isporuci trazeno, je putokaz kako treba organizovati i efikasno isporuciti gotov projekat.
    Cestitke Strabag-u koji dokazuje da je, verovatno, najbolji gradjevinski konglomerat na prostorima centralne Evrope i bivsih jugo republika.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top