Насловна / Арт и дизајн / 91 000 американски долари од САД за санација на Чифте амам

91 000 американски долари од САД за санација на Чифте амам

Грант од 91 000 американски долари од Амбасадата на САД доби Националната галерија на Македонија за санација на оштетувањата од влага, зашита од продор на атмосферска вода, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро – Чифте амам.img

„Доделувањето на грантот од програмата ‘Амбасадорски фонд на Соединетите Американски Држави за заштита на културата’ за оваа година претставува најголемо достигнување во менаџерската практика на Националната галерија на Македонија и обезбедување небуџетски извор на средства. Да споменеме дека ова е втор грант доделен од страна на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, првиот грант беше доделен во 2010 година за реконструкција и изведба на дренажен канал на Даут-пашиниот амам“, изјави Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија.чифте амам

Проектот „Санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро Чифте амам, Скопје“ е изготвен во 2013 година. Проектот го изработи Лазар Шуманов. Реализацијата на проектот е предвидена да се одвива во временски период од 18 месеци, веќе почна во јуни месец 2018 година, а се планира да заврши на крајот од 2019 година.

Истиот ќе се одвива во повеќе фази со финансиска партиципација на Министерството за култура во рамките на инвестициски проекти од буџетот на Министерството за 2018 година, во износ од 2.000.000 денари и со помош на средствата од доделениот грант.

(МАКФАКС)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top