Насловна / Архитектура / Монументален сад за салата – нова атракција во Ротердам

Монументален сад за салата – нова атракција во Ротердам

Архитектите од холандското биро MVRDV најчесто добиваат инспирација за време на паузата за ручек. Тоа е единственото време во текот на денот кога сите се одвојуваат од своите компјутерски екрани и се собираат околу долга заедничка трпезариска маса – чинија полна со разни салати – за да јадат и да разговараат.

Roterdam

Така, еден кобен ден во 2013 година, за време на бурата на идеи за време на ручекот, јадењата се покажаа како поинспиративни од кога било досега. Осум години подоцна, резултатот е пред нас – садот за салата Blanda Blank на Ikea, изграден во монументални димензии и покриен со огледала, е нова атракција на секогаш возбудливиот хоризонт на градот Ротердам.

„Барав нешто тркалезно“, изјави за британски Гардијан Вини Маас, директор на MVRDV, опишувајќи го потеклото на зградата висока 40 метри на музејското депо Бојманс Ван Беунинген во музејскиот парк во Ротердам, за чија изградба издвоени се 93 милиони евра.

Roterdam1

“Стажантите прво поставија голем правоаголен блок од стиропор на моделот за локација“, се сеќава Маас. “Тоа може да се случи. Мислев дека нешто тркалезно ќе биде поубаво за очите на нашите сограѓани, па го заменив со шолја за кафе. Потоа сакавме да го намалиме отпечатокот, па зграпчив сад од нерѓосувачки челик со ефект на огледало и тоа беше тоа“, додава тој.

Отприлика вака изгледа секој процес на дизајнирање во оваа канцеларија – Маас ужива да го превртува моделот наопаку или да грабне се што е при рака и да го додава тој предмет во проектот.

Roterdam2

Ротердам, смета тој, е особено погоден за формирање ексцентрична форма. “Тоа не е град со редовен урбанизам“, рече Маас. Беше срамнет со земја во Втората светска војна, а со децении во него се случуваа различни необични експерименти – од познатите „куќички од коцки“ до „психоделичниот пазар“ на MVRDV, Марктхал, кој исто така беше создаден како резултат на превртување на моделот наопаку

Архитектите велат дека сакале да изградат зграда која „се чини дека исчезнува во својата околина“, но се испоставило дека огромното огледало од 13 ката има речиси спротивен ефект врз некого – нешто од што се плашеле од самиот почеток во болницата Еразмус која е лоцирана во соседството.

Од оваа медицинска установа жестоко се спротивставија на проектот и сега беа принудени да кренат параван за да спречат прекумерна визуелна стимулација на децата во психијатриското одделение. Маас ветува дека редица свежо засадени дрвја наскоро ќе помогне да се реши проблемот, но јасно е дека оваа светла „салатара“ не е баш идеален сосед за некој што сака да го зачува здравиот разум.

Roterdam4

Кога ќе влезат во голем сад, со билет од 20 евра во рака, посетителите можат слободно да талкаат по неговите шест ката, каде низ прозорците во дебелите бетонски ѕидови можат да се видат дел од 151 илјада предмети од колекцијата на музејот Бојманс, вклучувајќи бројни платна на стари холандски и фламански мајстори.

За да се надомести загубата на дел од паркот, зградата беше збогатена со покривна градина. Но, кога ќе стигнете до врвот, излегува дека ветената „шума“ е всушност само прстен од дрвја околу работ на зградата и дека поголемиот дел од покривот е окупиран од ресторан и просторија за забава.

Можете да облечете и заштитен бел мантил и да се пријавите за обиколка на едно од 14-те депоа со водич, кој ќе ве запознае со неколку експонати и ќе ви ги објасни методите на нивна конзервација.

Roterdam3

Бидејќи со ова идејно решение музејското депо беше принудено да се вклопи во карактеристиките на објектот, а не обратно, се поставува критичното прашање – колку кружниот сад е погоден за функцијата на складирање на уметноста?

„Зградата не е нефункционална“, вели соработничката на Бојманс Ина Класен, „но имавме предизвик. Се разбира, дизајнирањето правоаголна зграда би било полесно, но ова беше многу позабавно. Сакавме да направиме нешто култно“, додава таа.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top