Насловна / Архитектура / Монтажни домови кои се расклопуваат како на филм

Монтажни домови кои се расклопуваат како на филм

Британската фирма „Ten folders“ (www.tenfoldengineering.com) внесува револуција во изградбата на куќи. Ако принципот на инсталација (спојување) на веќе готови ѕидови со комплет столарија беше револуција во брзата изградба на домови, за помалку од еден месец, тогаш новиот британски систем е своевидна градежно-архитектурна револуција која овозможува да добиете дом за помалку од десет минути со стискање на едно копче, додека пиете кафе, а сето тоа го гледате како телевизиска реклама.

montaza2

Станува збор за однапред дизајнирани и склопени живеалишта, комерцијални објекти и друго, кои се составени како „пакет“. Истиот ви се доставува и потоа се отвора сам, без користење на дополнителни машини и слично. Притоа, изборот на објекти варира и зависи од желбите. Од неколку типови на куќи, па сè до маркети и трибини.
Ако одиме во детали, „Ten folders“ нуди речиси сè што може да се сретне во денешниот свет, од набљудувачници за на плажа или на кој било јавен простор, преку категорија „My space“ која всушност претставува животна зона за „личен простор“, потоа монтажни ескалатори, па сè до трибини за мини игралишта и стадиони. Може да се добие и монтажен „пакет“ за медицински пунктови за набљудување при манифестации, шопинг трафики, куќички или бараки за преслекување за на плажа, двоен простор за живот со име „Double extender“, соларни панели на расклопување па дури и платформи за кревање како солуција за на приколка.

montaza3

Исто така, оваа компанија нуди и монтажни решенија за куќички на дрво, минимаркети, графитни ѕидови па дури и блок-комплекси за хотели.
Принципот е доста едноставен и со поставување на неколку коцки со површина од 60 м2 па понатаму добивате хотелски комплекс со соодветен дизајн. Секоја од коцките (просторот за соби) потоа може димензионално да се дели на две или четири соби во зависност од желбата. Дел од мебелот веќе е вграден во самата коцка и истиот се расклопува, а останува само поставување на кревети. Ваквата експресна механичка-расклопливост ви овозможува да имате хотел со само два потега. Истовар на монтажниот сегмент и адаптација. Потребна е само површина според австралискиот модел која би имала довод за вода, канализација и струја за конектирање. Но, не мора ниту да имате рамна бетонирана површина, бидејќи секоја од монтажните единици располага и со „столб-нозе“ кои можат да ја поткренат целата конструкција од неколку десетина сантиметри.

montaza1
Според веб-страницата, целокупната филозофија на „Ten folders“ се базира на неколку принципи, а тоа се: „оди насекаде“ што подразбира брз и евтин транспорт на објектот, „повеќе од помалку“ што значи дека нема потреба од користење на кранови и други механики за зацврстување или конструкција на објектот и третиот принцип „брзо“ што значи дека со користење на мал електричен погон, целата монтажа и механичка адаптација се завршува за неполни осум минути!
Освен овие три монтажни принципи, важно е да се напомене дека се внимава и на големината на објектот кој може да биде од минималните 64 м2 за живот и 20 м2 за комерцијален објект па понатаму со едноставно комбинирање на монтажните единици и нивно физичко спојување една до друга. Тоа практично значи можност за „скалирање“ на нивоа, потоа адаптивност на опкружувањето и најважно е што објектот за живеење на пример во комбинација со електрични панели на склопување, може да значи извор на енергија и независност од јавната електрична мрежа.

montaza5
Во суштина, една склопена монтажна единица функционира така што, по доставата на камион или транспортер, буквално се дава импулс за што како извор на енергија е доволна и една рачна батерија. Сето друго го врши гравитацијата. Ѕидовите, кровот, подната конструкција имаат свои зони за поврзување, без никакви брави или користење на навртки или граничници. Однапред е испланирано која зона прва се извлекува и што доаѓа на крајот. Слично е и ако го „пакувате“ објектот и се селите. Доволно е да се турне последниот инсталиран елемент од објектот, и тој наназад ја враќа монтажната единица во форма на пакет, онака како што сте ја добиле.
Ваквата брза адаптација на системот кој не бара човечки напор, придонела веќе на сите континенти да се испорачуваат илјадници од овие објекти. Притоа, самиот произведувач е подготвен и на визуелно-дизајнерска адаптација на објектите во согласност со архитектурата и традицијата на земјата и секако на платите на луѓето па елементите имаат и доста ниски цени. Освен максимална искористеност на просторот, овие објекти покрај својата преселна функција која е дополнителен бенефит, овозможува и секој да добие свој дом за минимална цена во соодветни просторни услови. Според англиските аналитичари, доколку повеќе фирми ја преземат иницијативата и идејата за ваков тип на објекти, модерниот свет може да биде на праг да го зголеми бројот на луѓе со кров над глава и тоа во човечки услови. Секако, и парите играат улога!

montaza4

Испрати коментар

Scroll To Top