Насловна / Арт и дизајн / Печка на дрва дизајнирана од Philip Starck

Печка на дрва дизајнирана од Philip Starck

Philip Starck ја дизајнираше Speetbox, модуларната печка на дрва на која топло добредојде ќе и посака секој проектант на ентериери.

004
Печката е извонредно дизајнирана, се состои од различни кубични модули кои можат да се комбинираат по желба. Има модули за греење, но и модули со камен кои служат да ја складираат топлината и постепено да ја испуштаат кога ќе се исклучи печката.

001
Незаобиколив елемент во Speetbox секако деке е модулот со печката, додека останатите кубични модули со големина 50/50 сантиметри можат да се додаваат според желбата и потребата на клиентот. На располагање се модули за складирање на огревниот материјал, како и модули кои ја складираат топлината. Постојат и модули во кои може да се одлагаат книги и други предмети, како на пример декорација. Доколку печката се направи со еден ред модули, горната површина може да се искористи за седење.

002
Speetbox може да работи и со и без струја, а нејзиното срце е составено од херметичка челична конструкција. Со печката може да се управува и преку апликација на мобилен телефон со која може да се контролира осветлувањето, температурата, дистрибуцијата на топлиот воздух и брзината на горењето.

003

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top