Насловна / Вести / Монт Еверест покриен со 5G мрежа

Монт Еверест покриен со 5G мрежа

Huawei и China Mobile поставија предаватели за мрежата 5G на Монт Еверест на надморска височина од 6.500 метри.

Во поставувањето на предавателите учествувале 100 работници и користена е вкупно осум тони опрема, а покриеноста со сигнал овозможена е и на самиот врв, каде брзината на Интернет е 1 GB/s.

8_resize

Предавателите се поставени на тибетанската страна на надморска височина од 5.300 и 5.800 метри, а потоа и на надморска височина од 6.500 метри.

„Поради тешки и непредвидливи услови, поставувањето беше особено предизвикувачко: Условите во кои ја подготвуваме и поставувавме базната станица за мрежата 5G беа многу тешки, а 40-тина шерпаси и 60 работници на Huawei учествуваа во поставувањето. Се надеваме дека на овој начин Монт Еверест ќе им го доближиме на многу научници, истражувачи и заљубеници во природата, а Huawei уште еднаш покажа дека цврсто верува во технологијата што може да го направи овој свет подобро место“, рече Vang Bo, директор на одделението за испорака и услуги на Huawei.

6_resize 7_resize

Отсега, секој што ќе се искачи на Монт Еверест од кинеската страна, ќе може да емитува видео, со што со ова неверојатно искуство дополнително ќе го доближи до луѓето ширум светот, додаваат.

Исто така, вестите за новите освојувања на врвовите веќе нема да мора да чекаат со недели, денови или часови, сега ќе може да се следат во живо во висока резолуција.

1_resize

Поставувањето на предаватели на мрежата 5G во базните станици во подножјето на Монт Еверест се случи 60 години по првото успешно кинеско искачување од северната страна на планината, а 45 години по првото официјално мерење на највисокиот врв на светот, соопштуваат од Huawei.

2_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top