Насловна / Архитектура / Куќа или скулптура? Објект вкопан во земја за да се заштити од прегревање

Куќа или скулптура? Објект вкопан во земја за да се заштити од прегревање

Скулпторската форма на куќата и нејзиното вкопување во земја се одговорите на предизвиците на локацијата, но и на не толку малите желби на клиентите.

kuka

Клиентите ја опишаа својата посакувана зграда како безвременска, практична куќа за одмор, чии високи тавани имаат минимална поддршка на столбовите и дека целата зграда се карактеризира со природни материјали кои имаат силна врска со околните градини и пејзажот.

kuka1

Реализацијата на овие идеи беше почната од архитектонската фирма Noel Robinson Architects, која дизајнираше зграда наречена Домиќ од дури 1.350 метри квадратни, што практично се потопува во ридовите со песок. Од друга страна, нејзината фасада, која е ориентирана кон исток, има отворен поглед кон Пацификот.

kuka3

Локацијата за која е планирана изградбата на објектот била предизвик што требало да се надмине. Песочното тло и стрмниот терен дополнително се влошуваат со тоа што оваа област е изложена на солен воздух, а во организациски поглед локацијата има ограничен пристап до улицата и се наоѓа веднаш до заштитеното подрачје, тврдат архитектите за ArchD Daily. Скулпторската форма на куќата и нејзиното вкопување во земја беа одговорите на предизвиците на локацијата, но и на желбите на клиентите. Куќата е изградена јужно од австралискиот Национален парк Нос.

kuka2

Бетонските конструктивни елементи во форма на лакови ја намалиле потребата за колони во внатрешноста и го максимизираа просторот за инсталирање на големи прозорци. Исто така, на овој начин се создале внатрешни простори со органски карактер, кои даваат посебна атмосфера во спалните соби и дневната соба.

Бидејќи оваа масивна зграда во голема мерка е закопана во земја, можно е повторно да се зазеленат падините над зградата. На овој начин, гледано од морскиот брег, куќата се маскира во околниот терен, што со текот на времето ќе биде уште поинтензивен со текот на развојот на вегетацијата.

kuka4

Желбата на клиентот објектот да биде одржлив, како и да се избегнат климатизерите и да се применат одржливи и обновливи градежни материјали, беше реализирана со инсталирање на соларни системи на покривот.

kuka6

Дождовницата што се собира на покривот, се складира и може да се користи како техничка вода за потребите на функционирањето на куќата.

Преградните ѕидови се направени од материјал заснован на коноп, кој обезбедува звучна и топлинска изолација и може целосно да се рециклира.

Благодарение на сите применети материјали, вкопувањето во терен и заштита од западното сонце, куќата има оптимални климатски услови.

kuka5

kuka7 kuka8 kuka9 kuka10 kuka11

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top