Насловна / Вести / Mitsubishi Shipbuilding прв успеа да ги зафати и складира емисиите на гасови од товарен брод

Mitsubishi Shipbuilding прв успеа да ги зафати и складира емисиите на гасови од товарен брод

Првиот поморски систем за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид на светот ја исполни својата задача, соопшти Mitsubishi Shipbuilding, една од најголемите компании во секторот бродоградба. Чистотата на овој гас со ефект на стаклена градина, кој е зафатен и складиран на товарниот брод за превоз на јаглен е повисока од  99,9%.

capture1

За работа на показната постројка задолжен е екипажот. Инженерите од Mitsubishi Shipbuilding започнале со тестирање во август и им покажале на членовите на екипажот како да управуваат со системот. Проектот за зафаќање на издувните гасови е спроведен со бродопревозникот K Line и здружението за класификација на бродови ClassNK, а поддржано е од страна на поморското одделение на јапонското Министерство за земјиште, инфраструктура, сообраќај и туризам.  Mitsubishi Shipbuilding е дел од конгломератот  Mitsubishi Heavy Industries (MHI) Group. Бродот превезува јаглен за компанијата Tohoku Electric Power. Податоците од испитувањето ќе бидат искористени за воведување на пазарно употребливи поморски системи за зафаќање и складирање на CO2. Тест периодот ќе трае до крајот на март.

capture3

Вака зафатениот и складиран јаглерод диоксид може да се употреби на повеќе начини – во производството на метанол или сув мраз за ладење. Поморскиот превоз сочинува 5% од глобалните емисии на гасови со ефект на стаклена градина, а тој удел според некои проценки е на пат да се удвои во рок од неколку децении.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top