Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје ја отвора изложбата: „Поетика на параметарската форма“.
Изложбата претставува завршна фаза и резултат од истражувачки процес во рамки на работилница од областа на архитектонските технологии, под менторство на вон. проф. д-р Мирјана Деветаковиќ Радојевиќ од Архитектонскиот факултет – Универзитет во Белград. Преку примена на софтверите ‘Rhino’ и ‘Grasshopper, учесниците истражуваа односи меѓу параметарската логика, концептуалното размислување и уметничка експресија во архитектурата.
Ќе имате можност да видите оригинални графички композиции, цртежи, 3D модели и визуелни структури што го отсликуваат современиот дискурс на алгоритамско обликување и неговата естетска димензија.
На изложбата ќе се промовира и стручна публикација со резултатите од работилницата.
Отворање: Вторник, 20 мај 2025, во 19:00 часот
Локација: Галерија Метаноја, (ул. Максим Горки 16, Скопје)

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија