Насловна / Вести / Србија ќе инвестира 60 милиони евра во воведување обновливи извори во топланите

Србија ќе инвестира 60 милиони евра во воведување обновливи извори во топланите

До крајот на годината, Србија ќе потпише договор за воведување на обновливи извори на енергија во системите за далечинско греење во вкупна вредност од 60 милиони евра. Во таа насока, оставрена е средба помеѓу Министерството за рударство и енергетика нa Србија и германскатa развојна банка KfW. Притоа е анализирана соработката на тековните проекти, како и плановите за идни вложувања во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Истакната е досегашната успешна соработка со KfW во изградбата на нови топлани на биомаса и воведувањето на обновливи извори на енергија во системите за далечинско греење. Веќе се изградени четири нови топлани на биомаса, во Прибој, Мали Зворник, Нови Пазар и Мајданпек. Во втората фаза, нови котли ќе бидат изградени и во Пријепоље, Нови Пазар, Ниш, Рача, Врање и Мaјданпек.

 

Испрати коментар

Scroll To Top