МЕПСО, Француската агенција за развој (Agence Française de Développement – AFD) и RTE International, потпишаа спогодба за доделување на грант. Воедно, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потпиша заедничка декларација со AFD, со која влегува во партнерство за праведна енергетска транзиција на земјатата. Неповратната помош од 600.000 евра се однесува на техничка помош за модернизација и дигитализација на преносната мрежа. Проектот се фокусира на четири области: подготовка на студија за адекватност на системот со користење на пазарниот симулатор ANTARES, димензионирање на системските резерви, воспоставување на методологија за пресметка на загуби во преносот и подготовка на студија на изводливост, како и проект за дигитализација на трафостаници.

Инаку, AFD и RTE својата соработка ја започнале и со Црногорскиот електропреносен систем (CGES) во ноември минатата година, а меморандум за соработка AFD има потпишано и со албанското електростопанство KESH, во април оваа година.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија