Насловна / Архитектура / Gstaad House на Foster + Partners – изложбен центар и приватен клуб во швајцарските Алпи

Gstaad House на Foster + Partners – изложбен центар и приватен клуб во швајцарските Алпи

Foster + Partners доби дозвола за градење за проектот Gstaad House во Швајцарија.

Искористувајќи ја својата прекрасна локација во шармантниот град Гштад, новата дрвена структура ќе има приватен клуб за членовите на горниот кат, климатски контролирани галерии и најсовремена изложбена и аукциска зона.

Проектот претставува нов модел кој одговара на специфичните потреби на колекциите на ликовната уметност, автомобили, мода и антиквитети и ќе биде првиот наменски изграден изложбен и складишен објект во градот.

„Нашиот проект создава спектакуларно искуство при пристигнувањето, бидејќи зградата се гледа од патот“, вели Kirsten Scott, виш партнер во Foster + Partners.

„Неговата препознатлива фасада е направена од локален ариш и ја дифузира природната светлина во просторите, а воедно обезбедува панорамски поглед на долината.“

„Интегрирана рампа ја активира целата зграда, со континуирана циркулација од приземјето до пентхаусот“, додава Scott.

Иконичната градба се прилагодува на препознатливите карактеристики на околината и е скриена во долина. Со рамен кров, благо наклонета фасада и интегрирана рампа за автомобили и пешаци што кружи околу зградата, архитектонската форма ги имитира брановидните планини и кривулестите патишта.

Во текот на целата година, голем број јавни активности ќе се одржуваат во изложбен простор на приземјето. Вратите ќе може да се отворат во текот на летото за да се обезбеди поврзување со природата, а ќе служи како простор за забави и други големи собири.

Горените катови содржат приватни галериски простори кои се наменети за прикажување колекции во прилагодена, климатизирана средина.

Со елегантно опремени внатрешни простори и тераса на покривот што се протега околу објектот со поглед на долината, пентхаусот е социјален клуб исклучиво за членови.

Членовите исто така ќе можат да користат и целосно опремена кујна за забави и вечери, како и посебна трпезарија за приватни собири.

3.000 квадратни метри разновиден подрумски простор пружа прилагодени решенија за складирање што одговараат на сите видови колекции.

Прилагодени простори за складирање со најдобро осветлување, систем со полици, подови и климатски услови за потребите на конзервација ќе бидат создадени со помош на интерни експерти.

Испрати коментар

Scroll To Top