Насловна / Архитектура / Мегапроект од 200 милиони евра: Кампусот на Rimac Automobili ќе го гради домашна компанија

Мегапроект од 200 милиони евра: Кампусот на Rimac Automobili ќе го гради домашна компанија

Rimac Automobili започнуваат да го градат својот кампус во Керестинац, кој со околу 200.000 квадратни метри вкупна површина и 95.000 квадратни метри работна површина, e една од најголемите градежни и финансиски инвестиции во Хрватска. Изведувач на работите е компанијата Facies од Самобор. Се очекува кампусот да биде изграден во рок од три години. Во моментот Rimac Automobili со околу 1100 вработени работат на шест локации. Кампусот ќе се гради според проектот на загребското студио Studija 3LHD и архитектот Markо Dabrović. Ќе има истражувачки центар, патеки за тестирање на возила, производни хали и спортско-рекреативни содржини за вработените. Подготовките за изградбата на кампусот во Rimac Automobili почнале во 2019 година. Во меѓувреме компанијата ја продлабочи соработката со Porschе, потпиша договори за техничко партнерство со Hyundai и Kiа вредни 80 милиони евра, го најави производството на автономни такси возила во Загреб со соодветна инфраструктура, и од Volkswagen групата го презеде брендот на луксузни автомобили Bugatti. Rimac Automobili најавуваат дека кампусот ќе проработи во 2023 година, и дека во него ќе се развива и новиот модел на Bugatti.

rimackampus2

rimackampus3

rimackampus4

rimackampus5

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top