Насловна / Вести / Завршена изградбата на првата саудиска ветерна електрана

Завршена изградбата на првата саудиска ветерна електрана

Првата ветерна електрана во Саудиска Арабија успешно е приклучена на електроенергетската мрежа. Станува збор за ветерната електрана Dumat al-Jandal со инсталирана моќност од 400 MW изградена од страна на француската компанија EDF Renewables  и компанијата  Masdar од Обединетите Арапски Емирати, позната по своите вложувања во обновливи извори на подрачјето на Блискиот исток и Северна Африка. Постројката се состои од 99 ветерни електрани и е дел од амбициозниот саудиски план за намалување на зависноста од фосилни горива до 2030 година. Нејзината изградба започнала во 2019 година.

dumat1

dumat2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top