Насловна / Архитектура / Copenhill на BIG, објект на годината на Светскиот фестивал на архитектура

Copenhill на BIG, објект на годината на Светскиот фестивал на архитектура

Главната награда на овогодинешниот Светскиот фестивал на архитектурата (Тhe World Architecture Festival – WAF) припадна на објектот Copenhill, исто така познат како Amager Bakke, дело на славното архитектонско биро BIG – Bjarke Ingels Group. Објектот е постројка за претворање отпад во енергија. Сместена на индустрискиот брег на Копенхаген, Данска, електраната е способна да претвори 400.000 тони отпад годишно во чиста енергија.

2_resize

Проектот на  BIG ја дуплира јавната инфраструктура, објектот е комплетиран со патеки за пешачење со дрвореди и стаза за скијање на кровот, заедно со „највисок вештачки ѕид за качување“ на фасадата.

1_resize

3_resize

Ентериер на годината

ентер_resize

Хостелот и книжарницата на Atelier tao+c во Жеџијанг, Кина, победија во конкуренција на 100 проекти кои се натпреваруваа во единаесет категории. Сместен во длабоките шуми на Тонглу во провинцијата Жеџијанг, проектот трансформира стара куќа со ѕидови од кал во хотел во кој можат да се сместат до дваесет луѓе, книжарница и библиотека. Оригиналните подови и прегради се отстранети и поставени се модуларни капсули за хотелот, а приземјето се користи за библиотеката и книжарницата.

ентер1_resize

ентер2_resize

Победници во останатите категории

Future Project of the Year 2021: Silo City in Buffalo, Њујорк, Studio V Architecture

футуре_resize

„Пејзаж – урбан контекст“: Al Fay Park во ОАЕ, SLA Architects

пејз_resize

Добитници на Специјална награда

Engineering Prize Winner: Ariake gymnastics centre, Токио, NIKKEN SEKKEI LTD

инж_resize

Најдобра употреба на природна светлина: Maggie’s Leeds, Лидс, Heatherwick Studio

лидс_resize

Најдобра употреба на дрво: Scion Innovation Hub, Te Whare Nui o Tuteata, Роторуа, Нов Зеланд, RTA Studio и Irving Smith Architects

дрво_resize

Награда за визуелизација: Винарија и хотел Alto Douro, Португалија, Atelier Sérgio Rebelo

португ_resize

Мал проект на годината: Павилјон за привремено домување за здравствени работници, Мексико, Revolution

PVTTS / © Luis Gallardo - LGM Studio

Најдобра употреба на боја: „Присуство во Хормуз 2“ – Мајара резиденција, ZAV Architects, Техеран

иран

Наградата WAFX, најнапредните архитектонски концепти во светот и идни проекти кои ги идентификуваат клучните предизвици со кои архитектите ќе треба да се справат во наредните години: Horizon Manila, WTA Architecture and Design Studio

манила_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top