M-Box бариери за заштита од поплави
Насловна / Вести / M-Box бариери за заштита од поплави

M-Box бариери за заштита од поплави

Бокс бариерите практично до вчера беа поим којшто го познавале само специјализирани инженери по градежништво, но во последниов период, благодарение на нивното користење во одбраната на градот Карловац и неколкуте населени места од поплави, влезени се во секојдневна употреба. Истите во неколку наврати ги спомнуваа и политичарите од Хрватска, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, а зад ова ефикасно и практично решение за заштита од поплави стои Далибор Удович, магистер по градежништво од Ријека и неговата компанија Монтера.

Slika 4_resize

Работата на одбрана на карловачкото подрачје, вредна речиси милион и пол куни, на компанијата Монтера и е доделена по пат на јавен натпревар на Хрватските води, а бокс бариерите се поставени во вкупна должина од пет километри, со што во голема мера се спречени големи штети од надојдените карловачки реки. Се работи за вид на елементи резервоари кои се плетени со двојно плетени хексагонални метални мрежи, кои се обложени со геотекстил и истите се полнат со песок. Голема предност им е што, за разлика од класичните зајачки насипи, кога опасноста ќе помине можат да се испразнат, спакуваат и кога ќе има потреба повторно да се користат. M-Box бариерите кои се користени во Карловац се производ на компанијата Монтера.

Slika 2_resize

M-Box бариери е производ кој претставува повеќекоморна структура изработена од двојнонавртена челична мрежа со дебелина од 3 мм, отвор на окце од 8 х10 цм, обложена со геотекстил од минимум 250 гр./м2. Повеќе единици можат да бидат надоврзани една на друга со метални прачки кои имаат дебелина од 4,9 мм. Овој производ наоѓа намена при поплави, итни зафати околу реки, свлечишта и ерозии, крајбрежни ерозии и сл. Предноста на M-Box бариерите е во тоа што лесно и брзо се расклопуваат на местото каде што треба да се постават (една петкоморна единица се поставува за 30 секунди со 2 луѓе ), исполната се врши со локален материјал (песок, земја или камења, машински или рачно) и по употребата производот се крева и одложува во депо за понатамошна употреба. Покрај овие поволности кои ги нудат M-Најголемиот бенефит од овој производ е разликата во ефикасност наспроти класичните вреќи за песок кои се употребуваат за истата намена. Следува споредба со истите:

Традиционални вреќи со песок:

•  – 3 часа

•  -  30 луѓе

• -  10 метри насип

 M-box бариера

•  -  3 часа

•  -  5 луѓе

•  -  60 метри насип

Slika 3_resize

Од погорната споредба може да се види дека M-Box бариерите се за 6 пати поефикасни од конвенционалниот начин во однос на човечка логистика и поставен насип во должни метри, референци кои се многу важни за итни интервенции при поплави, ерозии и свлечишта. Овој производ освен што може да се употребува повеќекратно исто така може и да се употреби трајно како елемент за стабилизирање на почва кој по поминување на водната стихија може да биде потрупан со земја и ревегетиран.

Постојат повеќе примери каде што овој производ спречил штета од водни стихии, а некои од нив се: Карловац, Хрватска 2018; река Самоџиа, Италија 1996; Боскесл – Корнвол, Англија 2004 итн.

M-Box бариерите се дел од палетата на производи кои ги нуди компанијата Ерго Ком Дооел од Скопје за територијата на Република Македонија.

Автор: Душан ЃУРОВИЌ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top