Насловна / Вести / 16-Подунавско-европска конференција за геотехничко инженерство во Скопје

16-Подунавско-европска конференција за геотехничко инженерство во Скопје

Повеќе од 250 научници–геотехничари и инженери разменуваат искуства, идеи и можности за полесно детектирање и менаџирање на опасностите и ризиците во случаи на катастрофи на 16-тата Подунавско-европска конференција за геотехничко инженерство, која за првпат се одржува во Македонија во организација на Друштвото за геотехника на Македонија.

IMG_20180607_100552

Тема на тридневната конференција е „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“, кадешто научниците дебатираат за влијанието на геотехничките опасности врз инфраструктурата – лизгање на земјиштето, вештачки падини, земјени работи, длабоки ископувања, брани, пропусти при поправка на падина, опасности од поплави, земјотреси, темели на мостови и изградба на тунели.

IMG_20180607_095300

„Македонија е на исто рамниште со другите држави од регионот во однос на развојот на геотехничкото иженерство а во одредени делови сме и најдобри“, рече професор д-р Милорад Јовановски, претседател на Друштвото за геотехника на Македонија и организатор на Конференцијата. Според него, природни катастрофи се случуваат секаде во светот, но добро е државите да бидат подготвени и да ги превентираат можните последици.

IMG_20180607_100147

„Оваа конференција е признание за нашето друштво и довербата да ја организираме едногласно беше дадена од Бордот на директори на европското здружение во Виена во 2014 година. Идејата да се разговара за опасностите и за ризиците поттикна од големите катастрофи кои се случија последниве години во регионот и пошироко. Јасно е дека проценката и менаџирањето со ризикот се наметнува како потреба во сите области на геотехнологијата. Меѓународната размена на информации е од круцијална важност за унапредување на знаењето и искуството во оваа научна и практична дејност. Непогодите не може да се спречат до крај, но може да се намалат последиците. Оваа конференција дава добри примери и начини како тие да се намалат“, рече професорот Јовановски.

IMG_20180607_100409

Професорот д-р Чарлс Нг, Претседател на светско здружение за механика на почви и геотехничко инженерство на отварањето изјави. „Прв пат сум во Македонија. Импресиониран сум од работата на здружението и се заблагодарувам на Друштвото за организацијата. Се надевам дека македонското друштво за геотехника и понатаму ќе остане силен промотор на геотехничкото инженерство во Македонија и во светот.

IMG_20180607_100451

Оваа конференцијата има 54 годишна традиција откако првпат е организирана во далечната 1964 година. Еден од членовите на Основачкото собрание е професорот д-р Хајнц Брандл од Техничкиот универзитет во Виена, кој е и иницијатор за нејзино одржување во Македонија. Поради ова и други заслуги на Брандл му беше доделен Медал за заслуги на Република Македонија од Претседателот Ѓорге Иванов.

IMG_20180607_095616

Друштвото за геотехника на Македонија ја реализира оваа меѓународна конференција во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Градежниот факултет, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Инженерската институција на Македонија. Покровител на конференцијата е Претседателот на Република Македониј, а конференцијата се одвива под закрила на Меѓународното друштво за механика на почви и геотехничко инженерство (ISSMGE), поддржана и од Меѓународната асоцијација за тунелоградба и подземни конструкции (ITA).

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top