Насловна / Архитектура / Деловна зграда со изглед на дворец покрај дански фјорд

Деловна зграда со изглед на дворец покрај дански фјорд

Студиото на исландско – данскиот уметник Olafur Eliasson, неодамна го заврши својот прв голем архитектонски проект – Fjordenhus или Fjord Housе. Овој модерен дворец се издига над дански фјорд. Зградата е распоредена во облик на четири конвергентни цилиндри и дефинирана е со необични ѕидови. Инвеститор на Fjordenhus е компанијата Kirk Kapital, на чие чело се потомците на основачот на Lego, Ole Kirk Kristiansen. Впечатливата фасада се состои од стотици илјади тули обложени во повеќе глазирани и неглазирани бои за да се добие шаблон.Зградата достигнува височина од 28 метри и прекриена е со „зелен“ покрив и соларни панели. Кон објектот с епристапува од копно, преку краток пешаќки мост, а влезот во градбата е двојно поголем од стандардниот. Деловните простории на Kirk Kapital се наоѓаат на горните катови и складно се уредени со декор од дрво, тула и стакло. Подовите с ебетонски, со завршна облога од италијански камен. Посебен акцент во утредувањето е ставен на уметничките предмети и осветлувањето. Покрај ЛЕД осветлувањето, поставени се и подводни рефлектори. Fjordenhus ќе биде официјално отворена на 9ти јуни.

Fjord 1

fjord 9

fjord 8

fjord 4

fjord 5

fjord 3

fjord 2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top