Насловна / Арт и дизајн / Лулка за бебе како мало гнездо

Лулка за бебе како мало гнездо

Little Nest е лулка која симболизира мало гнездо. Удобната, пријатна лулка за бебиња, дизајнирана од Oszkar Vagi, а рачно изработена од мајсторот László Girard, направена е од двослојно парче Mерино волна.

2

Цврстите кожни ремени ја обезбедуваат безбедноста на бебето. Совршено едноставната геометрија и 100 отсто природниот материјал им даваат на бебињата чувство кое потсетува на нивната положба пред раѓањето.

1

Лулката реагира на секое движење и мавтање на бебето и благо се движи, а авторот динамиката на движењата ја опишува како природно лесна и флексибилна. Идејата за ваква лулка потекнува од личната мотивација на авторот. Немирните потези на сопственото дете го инспирирале да дизајнира лулка која на бебето ќе му обезбеди најдобри услови за мирен сон. Конечниот облик на лулката е постигнат со следење на моделот на природата. На лулката нема никакви дополнителни детали или играчки.

3

4

5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top