Насловна / Вести / Брутализам и зеленило во ИТ канцеларии во Нов Белград

Брутализам и зеленило во ИТ канцеларии во Нов Белград

Компанијата TX Services, основана е во 2020 година, се занимава со дизајн и развој на производи за потребите на најголемата швајцарска медиумска групација TX Group. Просторот TX Services од 2.200 квадратни метри со приближно 200 работни места се наоѓа во зградата Навигатор II во Нов Белград.

11

„Почетокот на креативниот процес и една од најважните фази во речиси секој наш проект се design thinking работилниците со идните корисници на работниот простор. Преку овие работилници доаѓаме до заклучоци кои ги користиме како почетна точка во проектирањето и обликувањето на просторот“. – велат архитектите од белградското биро „Антипод“ кои го потпишуваат ентериерот на овој канцелариски простор.

8

Заклучокот што во овој случај произлегол бил дека просторот за потребите на TX треба да биде јасен, едноставен и функционален.

Исто така, просторот би требало да ја обезбеди содржини што современа ИТ компанија воопштено ги има, а истовремено интерпретирани на начин што ќе го доближи архитектонското размислување и обликување до потребите на корисниците на просторот на една ИТ компанија.

10

„Самата позиција на зградата, односно катот каде што се наоѓа TX Services и првото чувство што го имавме кога го видовме просторот беше такво што мораме да најдеме начин да го задржиме истиот впечаток на простор исполнет со дневна светлина“, велат архитектите.

14

13

Меѓу другото, тие тоа го препознале како можност на некој начин да ја воведат атмосферата на околните новобелградски блокови – брутализам и зеленило, испреплетени содржини, боја на пригушени нијанси на натур бетон и земјени тонови.

15

17

Архитектите од студиото „Антипод“ во разговор со вработените забележале потреба во рамки на работниот простор да има и дел за релаксација и читање, простор за забава и можност за работа на тераси кои се простираат на површина од 350 квадратни метри.

12

5

Во рамките на големата влезна зона се наоѓаат три павилјони од едноставна дрвена конструкција со различни теми – влезен пулт, библиотека и градина.

Плафонот е отворен, со видливи инсталации, бетонските столбови остануваат необработени, а околу јадрото на објектот е организирана мешана содржина – мини кујни, простори за складирање, одмор, звучно изолирани простории за помали состаноци и работа.

18

16

2

4

3

7

6

9

Испрати коментар

Scroll To Top