Насловна / Ентериери / Луксузен и елегантен дом

Луксузен и елегантен дом

luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (27)
Овој прекрасен пентхаус на Upper West Side, Менхетн, се наоѓа во зграда која има предвоена архитектура, конкретно, била изградена во 1909 година во близина на „Линколн плоштад“ . Луксузниот стан има површина од 500 квадратни метри, има три спални соби, три бањи, трпезарија со оригинални панели, винарска визба, библиотека, два камини и голема луксузна кујна која е погодна за подготовка на оброци. Тука е и пијаното Isaac Stern со самото влегување во станот.luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (34) luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (23)

Најголемата атракција на овој дом е пространата дневна соба со високи тавани и големи панорамски прозорци, што гледаат кон Музејот за национална историја, Централ Парк и прекрасната околина. Дневната соба е убаво и елегантно декорирана, а во неа се наоѓа и камин направен од камен од 17 век.

luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (24) luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (25) luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (26) luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (29) luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (30)

Уметничките дела, што се совршена декорација на овој гламурозен дом, доаѓаат од сите делови на светот. Дрвена инсталација во форма на ѕвезда која е дело на колумбискиот уметник Marie Fernande Cardoso виси од таванот, a неонското дело од бразилскиот уметник Antonio Dias го насочува вниманието кон западниот ѕид. Непроценливиот порцелан и ткаенини кои се стари над 2500 години се во совршена хармонија со антиквитетите, кои го исполнуваат просторот на овој дом.

luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (28) luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (31) luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (32) luksuz-interijer-penthouse-new-york-west-side-ureenje-dizajn-manhattan11 (33)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top