Насловна / Вести / Лизгалиште со иновативен енергетски концепт

Лизгалиште со иновативен енергетски концепт

Љубителите на лизгањето во Виена, оваа година имаат на располагање 46 дена зимска забава на отворено. Имено, од 19-ти јануари до 5-ти март 2023, лизгалиштето пред зградата на градското собрание (Rathaus) повторно ги отвора своите врати. Во последните десет години, овој простор за лизгање со традиција од 28 години, постепено се претвора во ледена бајка со импресивна големина. Од почетната површина која изнесувала 1.600 m2 во 1996 минатата година достигнува 9.500 m2. Годинава, поради актуелната состојба со енергетиката, лизгалиштето е намалено на 8.500 m2. Исто така, во согласност со моменталната кризна енерегетска состојба, развиен е иновативен енергетски концепт. Имено, ладилниот систем е оптимиран и целосно обновен, а новиот управувачки алат овозможува прецизна контрола на сите параметри. Енергетската ефикасност е на исклучително високо ниво што овозможува значителни заштеди.

rathaus1

rathaus3

Голем дел од енергијата се рекуперира за повторна употреба. Вишокот топлинска енергија која ја генерираат ладилните машини се користи за греење на помошните простории, со што се заштедува околу 90% од потребната топлина за греење. Новата технологија овозможува и постепено ладење на површината за лизгање, па така дури и во потоплите денови за обезбедување оптимални услови на лизгалиштето нема да биде потребна максималната енергија. На овој начин се обезбедува заштеда од 25%. Се мислело дури и на бојата на цевките кај ладилниот систем, па тие се бели наместо црни, со цел максимално да се редуцира апсорпцијата на топлина од околината.

rathaus4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top