Насловна / Арт и дизајн / „Летни приказни“ утре во Даут пашин амам

„Летни приказни“ утре во Даут пашин амам

Утре, со почеток во 13 часот во дворот на Даут пашин амам, ќе се одржи изложба на детски креативни работилници насловена како „Летни приказни“.

poster

Во текот на летниот период реализиран е циклус од детски креативни работилници под наслов „Летни приказни“. Во креативниот циклус анимирани се теми кои се составен дел од летниот распуст како: „Во Морските длабочини“, „Сладолед“, „Овошјето како уметност“, „Градот убав пак ќе никне“, „Жнееме и твориме“.
Ова лето, 2019 година, во проектот насловен „ Летни приказни“ учествувале деца од повеќе училишта и едукативни центри, кои имале можност да работат во различни ликовни техники на споменатите теми.
Работилниците биле водени под менторство на едукаторот Маја Димитрова.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top