Насловна / Вести / Како ќе изгледа најголемата градска фарма на светот

Како ќе изгледа најголемата градска фарма на светот

Најголемата градска фарма на светот би требало наредната година да се отвори во Париз. Шесткатната „градина“ од скоро 14.000 квадратни метри ќе се наоѓа во квартот Le Marais, a целта е да се одгледува овошје и зеленчук, повеќе од 900 килограми дневно. Дваесет градинари ќе одгледуваат повеќе од 30 различни видови овошје.

1
Проектот наречен „ Agripolis “ ќе користи аеропонска технологија за одгледување култури каде растенијата апсорбираат вода и хранливи состојки од магла. Овој систем ќе функционира без употреба на пестициди и земја.

2
Овој проект е дел од „Parisculteurs project“ во рамки на кој ќе биде засадена вегетација на 250 хектари ширум главниот град.
Pascal Hardy, основач на компанијата Agripolis која се занимава со урбани фарми, изјави дека производите добиени со одгледување на овој начин ќе бидат користени за исхрана на населението ширум југозападниот дел од градот и тоа: по директен пат или преку трговија, хотели или кантини со што ќе се намали и транспортот на храната. Додава дека визијата на неговата фирма е рамните кровови и напуштените површини да бидат прекриени со ваков систем.

3
Во градската фарма ќе има и рестран на кровот кој ќе го раководи групата Le Perchoir.
Од компанијата се надеваат дека повторно ќе ги поврзат граѓаните со изворите на храна со што би се поттикнала еколошката и економската флексибилност. Доколку се дуплира бројот на вакви парцели, локалното население ќе има можност да ги „земе“ за одгледување за свои потреби.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top