Насловна / Вести / Legendary од Теохаров и Влатко Стефановски – звучна перфекција

Legendary од Теохаров и Влатко Стефановски – звучна перфекција

Теохаров аудио, годинава која привршува ја заокружи со промоција на своето најново дело кое го конструираше во соработка со Влатко Стефановски.

_GRR3078

Заедничката страст кон музиката и аудио производи од висока класа на Теохаров и Стефановски се основата врз која се изгради пријателство и иницираше креативна идеја која жестоко целеше напред, кон реализација и триумф над сите ризици и неизвесности поради пандемијата.
Бескомпромисниот инженеринг на Теохаров и бојата на звук на Стефановски се имплементираа во совршено елегантна форма која носи симболично име – Legendary!

Legendary ја имаше својата светска промовија на 17.10.2021 година во рамките на интернационалниот фестивал за аудио и видео орема, Too Loud fest 2021 во Загреб.

Teoharov - Vlatko Stefanovski - Photo Stefan Rajhl (19)

Повеќе од 120 посетители од цела Европа, централниот дел на вториот кат од хотелот Double tree by Hilton го исполнија со воодушевувачка тишина, внимателно апсорбирајќи го секој кажан збор од промоторите.

Она што е најважно, и кое публиката трпеливо го очекуваше беа првите ноти кои ќе протечат низ ова легендарно ремек-дело. Под вештата рака на Стефановски, овој настап во живо ги долови сите нијанси на совршена звучна репродукција која ги освои сите присутни, но и оние кои промоцијата ја следеа онлајн.

Legendary, во лимитирано издание од 15 парчиња, дефинитивно го одбележа овогодинешното издание на фестивалот, оставајќи зад себе имперсии за кои долго ќе се говори.

Teoharov - Vlatko Stefanovski - Photo Stefan Rajhl (28)

За македонската публика, Legendary беше визуелно претставен во рамките на овогодинешното издание на Skopje Jazz Festival, во Националната опера и балет.

Звучните перформанси на Legendary, за сите заинтересирани, ќе бидат претставувани со внимателно утврден индивидуален концепт за секој посетител поединечно.

(Комерцијален текст)

Испрати коментар

Scroll To Top