Насловна / Вести / Тиква – ѕвезда на есенска декорација

Тиква – ѕвезда на есенска декорација

Тиквата може да се користи на многу начини: како украс во куќата, во градината, особено за време на празниците, а како зеленчук во кујната, се користи во есенските месеци, во многу кулинарски специјалитети.

1_resize

Декорација и употреба на тиква: сорти со различни форми, бои и шари во комбинација со разни предмети може да бидат мошне интересно.  Декоративните сорти тиква вклучуваат „турски турбан“ или други украсни сино-зеленкасти тикви, зелени, шарени или интензивно портокалови. Специјални, мали шарени украсни тикви кои се главно горчливи и со тврда кора се вистинска декорација, како од бајките.

4_resize

8_resize

Ако чувате тиква на студен есенски воздух, тоа е исто како да ја чувате во соба. Благодарение на нејзината дебела кора, топлиот воздух во просторијата не и пречи, ниту штети на нејзината свежина. Наместо да чувате атрактивни сорти тикви во подрумот, најдобро е да направите мало складиште на терасата или на влезот во куќата – а таму наредете украсни парчиња како есенска декорација.

0_resize

Неоштетените плодови остануваат свежи со недели, додека не одлучите да ги искористите за да подготвите вкусни специјалитети. Особено е важно да се заштитат тиквите од влага и мраз.

Издлабените тикви можете да ги чувате на суво и ладно време само една до две недели. При длабење на тиквата важно е внатрешноста да биде темелно отстранета и исчистена со лажица за ѕидот на тиквата да има дебелина од 2-3 сантиметри. На кората може да се изрежат лица или разни други цртежи, а внатре во тиквата да се постават свеќи или светилки, така што целиот простор во кој се наоѓа ќе зрачи со таинственост.

16_resize

21_resize

Исто така црвени, жолти, портокалови, зелени, бели тиквички и тикви во комбинација со други материјали ќе го освежат вашиот дом оваа есен. Богатите есенски бои на тиквите ќе ви го олеснат создавањето на елегантни украси. Освен тикви, користете стаклени и керамички саксии, ореви и лешници, класови пченка, шишарки, свеќи, пожолтени листови и хризантеми.

23_resize

24_resize

15_resize

Тиквите можат да се употребат и како вазни за есенско цвеќе, со што се добиваат интересни есенски декорации за маса или прозорски парапет.

Некогаш едноставните декорации се најубави. Се што треба да направите е да ставите тиквички или тикви во соодветен сад и ќе изгледа интересно.

22_resize

20_resize

18_resize

13_resize

14_resize

25_resize

17_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top