Насловна / Арт и дизајн / Le Creuset – кујнски парчиња со стил и деликатна естетика

Le Creuset – кујнски парчиња со стил и деликатна естетика

Кујнскиот прибор помина долг пат, престана да биде едноставна алатка на секое домаќинство и прерасна во негова декорација.

Современите луксузни парчиња на француската компанија Le Creuset во својата палета комбинираат употребливост и перформанси на кујнскиот прибор со чувство за стил и деликатна естетика, со што станаа симбол на статус и богатството..

Компанијата Le Creuset е основана во 1925 година на северот на Франција во Fresnoy-le-Grand, на крстосницата за транспорт на железо, кокс и песок. А денес нивните париоња се иконичен дизајн и вистинска кулинарска класика.

Le Creuset лонец од лиено железо

000

Кралот на кујната, овој лонец од лиено железо е обожуван од готвачите ширум светот речиси еден век. Совршено дизајниран за чорби, паприкаш, печено месо, супи, ова иконично парче е единствен лонец за незаборавни јадења со интензивна арома и вкус.

01_resize

Le Creuset Heart Cocotte

срц_resize

Овој лонец во форма на срце доаѓа со доживотна гаранција и е совршен подарок за саканата личност, која ужива во подготвување различни деликатеси. Ова парче е достапно само во две бои, Cerise, која е всушност потемна нијанса на црвена и во розовоа боја. Овој сад е совршена за романтична вечера за двајца.

срц1_resize

Le Creuset Trivets

00_resize

Дали сакате да ја заштитите вашата кујнска плоча и маса од оштетување предизвикани од врели садови, тави и лонци и сакате да го направите тоа со стил? Le Creuset ви претставува три варијации на подметачи за врели садови во осум бои.

0_resize

Le Creuset Fondue Set

1_resize

Подготвување фонду е прекрасен начин за споделување на забавен, вкусен оброк со семејството и пријателите. Le Creuset Fondue Set од леано железо ќе ви помогне нежно да го стопите сирењето или чоколадото или да подготвите класичен фонду со месо. Доаѓа со шест вилушки, плус горилник со прилагодлив пламен.

2_resize

Le Creuset Stoneware Pestle & Mortar

3_resize

Свежите билки и зачини го носат секое јадење на сосема ново ниво. Со дробење во толчник ќе ги отклучите сите нивни неверојатни ароми и вкусови. Овој прекрасен сет од камена керамика добро ќе дојде за секојдневно готвење и специјални славенички прилики.

4_resize

Le Creuset – Stoneware Rainbow Set of 6 Espresso Mugs

5_resize

Овие 100 ml шолји за кафе идеални се за сервирање еспресо. Моделирани според поголемата шолја Le Creuset, тие изгледаат сонливо заедно со остатокот од вашата колекција на овој врвен бренд.

6_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top