Насловна / Архитектура / Покривни прозорци Tondach – Нов елемент на паметниот покрив

Покривни прозорци Tondach – Нов елемент на паметниот покрив

Ново во портфолиото на производи на Винербергер!

Како водечки добавувач на градежни материјали ширум светот, Винербергер се развива врз основа на иновации и системски решенија што ќе го подобрат квалитетот на живот.

Постојано бараме решенија што ја редуцираат потрошувачката на енергија, што ја штитат животната средина и обезведуваат здравје и безбедност на сите членови на семејството. Нашата мисија е да имаме целосна понуда на одржливи градежни материјали и системски решенија за да објектите изградени со производите на Винербергер се со највисок квалитет.

BG_MKT_PHO_TON_roof_windows_10_resize

Зошто да ги одберете покривните прозорци Tondach?

Висок квалитет и функционалност

  • Одлична топлинска изолација
  • Непропустливост и долг животен век
  • Лесно ракување и одржување
  • Температурна постојаност во просториите

Безбеден и удобен простор

  • Повеќе природна светлина
  • Здрава и природна микроклима
  • Постојано проветрување на домот

Целосно решение

  • Компатибилност со сите модели на ќерамиди
  • Комплетна системска опрема
  • Лесна и брза монтажа
  • Овластени изведувачи и партнери
  • Доживотна гаранција за оштетувања од град

HR_MKT_PHO_TON_ROF_Roof_windows_lifestyle_02_resize

Светлина и свеж воздух во домот

Здравjето е на прво место

Со покривните прозорци Tondach, поткровниот простор ќе воодушевува со свеж воздух, природна светлина и здрава микроклима.

Целосно решение на едно место

Сигурен и издржлив покрив Tondach

Со покривниот систем Tondach, брзо и лесно ќе изградите совршен покрив, што истовремено ќе гарантира трајна вредност и безбедност на објектот.

HR_MKT_PHO_TON_ROF_Roof_windows_lifestyle_10_resize

Разновидноста на модели и големини на покривните прозорци Tondach ќе ви овозможат да одберете од најпопуларните и сигурни модели на покривни прозорци

Дизајнот на покривните прозорци Tondach е проектиран така што хоризонталната оска на прозорецот се наоѓа на средината, што ви овозможува да го ротирате крилото околу својата оска 180°, што го прави едноставен за миење однадвор и генерално лесен за одржување. Рачката лоцирана на дното на прозорецот ви овозможува да ја затворите цврсто или да го оставите крилото во две главни положби за да влезе свеж воздух во просторот.

Бидејќи отворот за вентилација се наоѓа на горниот дел од рамката, ефективната застаклена површина на прозорците Tondach е приближно 6% поголема од другите покривни прозорци што се достапни на пазарот. Ова придонесува за подобро осветлување на просторот.

Зошто да одберете прозорци со централна оска на отворање?

  • Најпопуларниот дизајн на покривни прозорци е оној со централна оска на отворање
  • Овој тип на прозорци се изработени од најквалитетно борово дрво, импрегнирани со вакуум и заштитени со акрилен лак
  • Лесен и едноставен начин на употреба преку рачка која се наоѓа на долниот дел на крилото
  • Рачката има две фази на отворање и лесно се ракува
  • Лесно се чисти и одржува
  • Безбедносни додатоци
  • Можност за поставување на покриви со наклон од 15 ° – 90 °

Модерен покривен прозорец Tondach со стандардно застаклување по достапна цена:

Технички карактеристики:

  • U-коефициент на рамката на прозорецот: 1,3 W / m2K
  • U-коефициент на стакло: 1,1 W / m2K
  • Звучна изолација: 31dB
  • Двојно застаклување со аргон
  • Капацитет за вентилација: до 20 m³ / h
  • Рачка: стандардна
  • Еден дихтунг

Tondach Comfort

Квалитетен процорец по прифатлива цена!

Предности:

  • V10 вентилација за рачно регулирање на вентилацијата на воздухот
  • Енергетски ефикасно стакло
  • Модерен и привлечен изглед
  • Високо квалитетно борово дрво, ламелирано и импрегрирано со вакуум
  • Дрвена рамка покриена со еколошки акрилен лак во природна боја
  • Дополнителна заштита преку алуминиумски профили, отпорни на атмосферски влијанија и УВ зраци

Tondach Project

прој_resize

Прозорец со стакло кое штеди енергија

Технички карактеристики:

  • U-коефициент на прозорецот: 1,3 W / m2K
  • U-коефициент на стаклото: 1,1 W / m2K
  • Звучна изолација: 32 dB
  • Двојно застаклување со аргон
  • Капацитет за вентилација: до 31 m³ / h
  • Рачка: стандардна
  • Прицврстување: двострано

Tondach Project

Предности:

  • Вентилација V10
  • Стакло кое штеди енергија
  • Модерен дизајн со централна оска на отворање
  • Високо квалитетно борово дрво, ламелирано и импрегрирано со вакуум
  • Дрвена рамка покриена со еколошки акрилен лак во природна боја

Прозорци со зголемена заштита од провала

Прозорец со енергетски ефикасно стакло и зголемена заштита од кражба

Технички карактеристики:

  • U-коефициент на прозорот: 1,3 W / m2K
  • U-коефициент на стаклото: 1,0 W / m2K
  • Акустична изолација: 35 dB
  • Застаклување со аргон
  • Капацитет на вентилација: V40P; до 49 m³ / h
  • Рачка: елегантна
  • Четири дихтунга

Предности:

  • Вентилација VP40 со автоматска регулација
  • Систем со зголемена заштита од провала (анти-провално застаклување во согласност со европските барања за провала RC 2 N, класа II, според EN 1627)
  • Не бара дополнителна заштита
  • Подобрен квалитет и енергетска ефикасност на покривниот прозорец
  • Сигурносно копче
  • Високо квалитетно борово дрво, ламелирано и импрегрирано со вакуум
  • Дрвена рамка покриена со двослоен еколошки акрилен лак во природна боја
  • Преку иновативен систем, прозорот е заштитен од можни обиди за: удар на надворешната страна на прозорот, кршење на рачката со алат, кршење на стаклото на прозорот, разбивање на рамката

Tondach SmartPro

HR_MKT_PHO_PSH_ROF_TON_Roof_Window_SmartPro_resize

Интелигентни прозорци со стакло кое штеди енергија и заштитува од кражба

Технички карактеристики:

  • U-коефициент на прозорецот: 1,3 W / m2K
  • U-кеофициент на стаклото: 1,0 W / m2K
  • Акустична изолација: 35 dB
  • Двојно застаклување со аргон
  • Капацитет за вентилација: V40P; до 49 м³ / ч
  • Рачка: елегантнаж
  • Четири дихтунга

Предности:

  • Вентилација VP40 со автоматско прилагодување
  • Високо квалитетно борово дрво, ламелирано и импрегрирано со вакуум
  • Три слоја полиуретански лак – идеален за создавање на издржлива и мазна површина на рамката со бела боја
  • Заштитниот слој на рамката обезбедува дополнителна заштита од влага
  • Наменето за простории кои се изложени на висока влажност (кујна, бања)
  • Преку иновативен систем, прозорот е заштитен од можни обиди за: удар на надворешната страна на прозорот, кршење на рачката со алат, кршење на стаклото на прозорот, разбивање на рамката

Секогаш свеж воздух во поткровјето!

Добрата вентилација обезбедува здраво домување, затоа е важно да се обезбеди соодветна вентилација.

Вентилација V40P обезбедува автоматско регулирање на протокот на воздух

HR_MKT_PHO_TON_ROF_Roof_windows_lifestyle_06_resize

Големата функционалност обезбедена од автоматската вентилација V40P оптимално ја дозира количината на чист воздух, обезбедува здрава микроклима во покровјето и спречува претерано ладење на просторијата. Со задржување на топлината во студените денови, се обезбедува постојана температура во зима, што значи пониски сметки за греење. Дифузерот обезбедува висока непропустливост и штити од прашина и инсекти однадвор.

Гаранција

Долгорочна гаранција за долгорочна безбедност на сите членови во семејството.

  • 10 години гаранција на прозорците
  • 20 години гаранција на стаклото
  • Доживотна гаранција против провала

(Комерцијален текст)

WB Logo - no tagline_resize

Испрати коментар

Scroll To Top