Насловна / Архитектура / Lay House во југоисточна Англија

Lay House во југоисточна Англија

Lay House е приватна куќа во Волтон на Темза во југоисточна Англија, на место на неугледна двокатна куќа. Сместена е на пат со големи имоти наменети за домување, од кои многу неодамна се реконструирани.

1

Архитектите од лондонското проектантско биро Ström Architects велат дека намерно избегнале една монолитна маса, која би можела да изгледа гломазно или наметливо. Наместо тоа, ја поделиле куќата на два волумена за да ја намалат визуелната форма.

n

Со поделба на куќата на два дела, овозможено е рационализирање на внатрешните функции: помалиот волумен на југ ги содржи социјалните простории (живеење, трпезарија и кујна), додека поголемиот на север, ги сместува функционалните простори (просторија за растенија, утилити, работна соба и гаража). Влезот се наоѓа во празниниот простор помеѓу овие две коцки, каде што е поставено скалишното јадро со транспарентни газишта, кои овозможува светлото од двете страни на куќата да се филтрира во ходникот.

7

Надворешно, создаден е мал двор од предната страна, кој обезбедува приватен простор за седење на кој се пристапува од дневната соба. Овој простор е заштитен од пристапот до куќата и овозможува утринско и пладневно сонце. Големите прозорци помагаат да се замагли границата помеѓу надвор и внатре, така што дворот се чувствува како надворешна соба.

4

Куќата е од тула, имајќи го во предвид значењето на околните објекти, но тулата е со тесена и издолжена димензија, давајќи елеганција и современа естетика.

3

Ентериерот исто така е проектиран од Ström Architects, за да се осигура кохерентна врска со архитектурата. Едноставна палета на материјали од камени подови, дабови облоги и црн метал, ја надополнува тулата на објектот. Намерата е да се обезбедат современи, робусни и елегантни ентериери, кои нудат чувство на смиреност, хармонија и одмор од забрзаниот свет.

5

6 8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top