Насловна / Архитектура / FU-House – бетонски волумени и бели рамнини

FU-House – бетонски волумени и бели рамнини

Три конструкции во форма на буквата L, со тенки рабови, се обвиткуваат околу бетонските и стаклените sидови на оваа куќа во јапонскиот град Shunan.

10

Архитектите од Kubota Architect Atelier, со седиште во градот Iwakuni во јапонската префектура Yamaguchi, ја проектирале куќата FU-House од 90 метри квадратни, оддалечена помалку од километар од Внатрешното моро Сето.

1

Оваа област на Јапонија е мошне индустријализирана, а локацијата на куќата се наоѓа во рамките на новиот урбан развој во населба без пејзажи и во близина на бучен главен пат.

Од овие причини, архитектите предложиле изолиран дизајн опкружен од сите страни со робусни површини, кои контролираат како светлината и воздухот влегуваат во домот.

7

„Три парчиња бела плоча, секое преклопено во L-форма, се вметнуваат тродимензионално во ова постојано променливо опкружување“, велат архитектите.

„Просторите создадени помеѓу вкрстувањата, функционираат како катализатор на природата и човечките емоции, истовремено контрилорајќи ја динамичноста на природата со своето преклопување во форма на L“.

9

6

Секој дел во форма на буквата L е стеснет, така се добива впечаток дека конструкција е многу тенка, создавајќи чувство дека објектот речиси не ја допира земјата.

Бетонските волумени со процепи помеѓу белите рамнини, формираат непробојни фасади кои ја штитат внатрешноста од несаканата бучава.

8

Кога ќе се влезе внатре, бетонско јадро во кое се сместени скалите го одделува влезниот од главниот простор за живеење, кој е заграден со стаклени sидови од двете страни.

Подот од плочки на оваа просторија се протега надвор од застаклување за да се создаде непречена врска помеѓу гаражата и терасата на која по должина е поставен тесен, плиток базен.

11

5

Лизгачките врати овозможуваат целосно отварање на дневната соба од страната на терасата, каде што од водата во базенот се рефлектира светлината врз мазните бели sидови.

Скалите обложени со бетон водат до детската соба која завзема голем простор има пристап до бањата, гардероберот и  спалната соба која е сместена на предната страна на куќата.

3

2

11 13 12

Испрати коментар

Scroll To Top