Насловна / Вести / ЕУ: Системот за тргување со емисии се проширува на градежниот сектор и сообраќајот

ЕУ: Системот за тргување со емисии се проширува на градежниот сектор и сообраќајот

Европа ќе го примени својот систем за тргување со емисии (ETS) и кај зградите и сообраќајот, изјави претседателката на Европската Комисија Ursula von der Leyen, на самитот на светските челници минатата недела, подготвувајќи терен за планираните промени на пазарот за јаглерод диоксид од страна на ЕУ. Овој пазар на ЕУ е скелетот на европскиот план за намалување на емисиите на стакленички гасови. Шемата ги принудува електраните и индустријата да купуваат дозволи за емисиите на CO2, со што ефективно се става цена на загадувањето. Компаниите можат да ги купуваат и продаваат овие дозволи на пазарот на јаглерод диоксид, познат како ЕУ шема за тргување со емисии (ETS). Но, за градежниот сектор и сообраќајот, веројатно ќе се воведе посебна ценена, различна од онаа за индустријата. Von der Leyen вели дека ЕУ ќе го прошири  ETS на нови сектори, како дел од пакетот политики кој ќе се донесе во јуни и е осмислен со цел секој економски сектор биде позелен.

(210227) -- BRUSSELS, Feb. 27, 2021 -- European Commission President Ursula von der Leyen attends a press conference af

Вклучувањето на сообраќајот и зградите во ЕУ системот за тргување со емисии, се подразбира уште од стапувањето на сила на новата Комисија во 2019 година. Но, треба да се има во предвид дека станува збор за политика со висок ризик. Шефот на ЕУ за клима,  Timmermans,  вели дека лично е против вклучувањето на патниот сообраќај во оваа шема, бидејќи ќе имплицира зголемување на цените на горивата и несразмерна штета за стандардот на граѓаните. Во најлошото можно сценарио, критичарите велат дека е можно повторување на движењето „Жолти елеци“ од 2018 година во Франција, каде избија нереди поради порастот на цените на горивата за околу 0,1 евра.  Веднаш по најавата на овие амбициозни ЕУ цели,, цените на ETS дозволите пораснаа на рекордни 47 евра по тон јаглерод диоксид.

co1

Испрати коментар

Scroll To Top